Основното јавно обвинителство – Гостивар спроведе активности за сторено кривично дело Тешка кражба

Скопје, 15 Септември 2014

Основното јавно обвинителство -Гостивар донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица на возраст од 18 години за сторено кривично дело – Тешка кражба.

По поднесената кривична пријава на ден 7 септември годинава од страна на Полициската станица – Гостивар, Основното јавно обвинителство -Гостивар утврди дека осомничените од куќата на оштетениот во с.Чајле одзеле поголема количина на злато и златен накит.

Против двете лица надлежниот јавен обвинител поднесе и Предлог за изрекување на мерка -Притвор, по што судијата за претходна постапка на Основниот суд во Гостивар донесе Решение со кое е определен краткотраен притвор до 48 часа.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

405 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за лажно претставување

Скопје, 12 Септември 2014

По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство – Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за определување мерка – Притвор против едно лице кое, со намера за себе да прибави корист, лажно се преставувало како инспектор од Управата за јавни приходи и побарало да му бидат исплатени парични средства во износ од 3.000,00 денари во текот на месец август и 6.000,00 денари во текот на месец септември 2014 година. За стореното осомничениот се гони за сторено кривично дело – Лажно претставување.

Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје донесе Решение со кое на осомничениот му определи мерка – Притвор во времетраење од 8 дена.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

335 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство -Тетово поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност

Скопје, 12 Септември 2014

По спроведената истрага за кривичниот настан што се случи на 13 јуни годинава, во дежурната просторија на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово кога едно лице го загуби животот, Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 299 став 2, а во врска со член 288 став 3 в.в. со став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Против обвинетото лице е поднесен и Предлог за продолжување на мерката Притвор, по што надлежниот суд донесе Решение за продолжување на мерката – Притвор, согласно одредбите на Законот за кривична постапка.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

298 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт за инцидентот во кафе бар „Њу Орлеанс“

Скопје, 13 Август 2014

Во врска со инцидентот во кафе бар „Њу Орлеанс“ во Старата скопска чаршија, што се случи на 4 овој месец, Основното јавно обвинителство – Скопје, до Кривичниот суд – Скопје поднесе Обвинителен акт за сторено кривично дело – Насилство од чл.386 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик, против две лица и Предлог за продолжување на мерката – Притвор за еден од обвинетите.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

336 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и Предлог за одредување на мерка Притвор против тројца државјани на Република Франција

Скопје, 11 Август 2014

На ден 7.08.2014 година, на граничниот премин Деве Баир, при контрола на тројца државјани на Република Франција на излез од Република Македонија, од страна на овластени службени лица од Царинската управа на Република Македонија, пронајдена е наркотична дрога.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Царинската управа на Република Македонија, дека како соизвршители сториле кривичнo делo – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в.со чл.22 од Кривичниот законик, Основното jавно обвинителство – Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка.

По извршениот распит на осомничените во координација со други надлежни органи, надлежното јавно обвинителство, до судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово, поднесе Предлог за определување на мерка Притвор.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

363 total views, 1 views today

Соопштение

Скопје, 01 Август 2014

Основното јавно обвинителство – Скопје по допрен глас, а во врска со информацијата објавена во медиумите за наводна корупција при финансирање на политичка партија, оформи предмет заради проверка на наводите изнесени од страна на лицето Загорац Тумбовски.

Прочитај повеќе…

471 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје започна со активностите по пријавата на Министерството за здравство

Скопје, 31 Јули 2014

Во врска со актуелната состојба околу појавата на бактеријата листерија, на ден 25.07.2014 година до Основното јавно обвинителство – Скопје од страна на Министерството за здравство е поднесена кривична пријава против непознат сторител.

Основното јавно обвинителство – Скопје започна со активностите по пријавата. Од подносителот е побарано да достави дополнителни докази што ќе бидат од значење за понатамошната постапка. Со оглед на специфичноста на случајот, обвинителството вклучи стручни лица кои треба да помогнат во постапката.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

446 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема потребните мерки и активности во врска со испитување на причините за пожарот и експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште

Скопје, 25 Јули 2014

Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира сите докази и информации неопходи за утврдување на непосредната причина за пожарот кој предизвикал експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште.

Прочитај повеќе…

434 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Струмица побара мерка – Притвор за едно лице поради сторен полов напад врз дете

Скопје, 22 Јули 2014

Основното јавно обвинителство – Струмица поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Сторителот ја пресретнал малолетната жртва, по што насилно ја внел во возило и ја одвел во изнајмена соба, каде го извршил делото.

Надлежното обвинителство до судијата на предходна постапка при Основниот суд – Струмица поднесе предлог за определување мерка – Притвор. Судијата на предходна постапка го прифати предлогот и на осомниченото лице му одреди притвор во траење од 30 дена.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

383 total views, 1 views today

Соопштение

Скопје, 22 Јули 2014

Во контекст на информациите кои вчера и денес се појавија во одредени медиуми, а во врска со судењето во предметот за артефактите од Музејот на Македонија и наводите од страна на адвокатите дека обвинителството не им ги доставило на увид доказите и записниците од истрагата, Јавното обвинителство на Република Македонија со цел објективно информирање на јавноста, Ве известува дека надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје во тек на истрагата ги презеде сите дејствија согласно Законот за кривична постапка.

Имено, сите бранители во тек на истражната постапка извршија два пати, дел од нив и три пати увид во предметот. Согласно законските одредби, Основното јавно обвинителство – Скопје достави Известување за завршување на истрагата до сите бранители на обвинетите, со определени денови за вршење на увид, кое право беше искористено.

Воедно Ве информираме дека бранителите на обвинетите беа известувани и за денот и часот на сослушување на сведоците, со што нивното присуство беше овозможено.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

439 total views, 1 views today

Page 62 of 64« First...102030...6061626364