СООПШТЕНИЕ

Скопје, 03 Март 2016

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​.

Разликата што се појавува во однос на доказите е во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно единствениот примерок од истите е предаден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје при поднесување на обвинението. Сакаме да нагласиме дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ниту задржува, ниту поседува списи и докази за кој​ било предмет што не е во негова надлежност.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потенцира дека со истите докази кои се веќе предадени на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​, предходно го застапуваше обвинението во предметот пред судот.

322 total views, no views today

РЕАКЦИЈА

Скопје, 02 Март 2016

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство – Скопје реагираат на денешното соопштение на Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во кое се наведени како институции што одбиваат соработка со истото.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство – Скопје ја известуваат јавноста дека не се точни наводите за одбивање на соработката со Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. До сега на сите барања доставени од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите овие две обвинителства постапиле соодветно и навремено. Сите првично побарани предмети се доставени со севкупната расположлива документација во законски утврден рок за што јавноста беше информирана. Имајќи ја предвид одредбата од член 7 став 3 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, мал дел од дополнително побараните предмети од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје се проследени до Советот на јавните обвинители како единствено надлежен орган пред кој Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е одговорно за законито постапување. За оваа постапка Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и јавноста беа писмено известени.

По однос на предметите што Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги побара на увид, истото е известено дека во секое време може непречено да изврши увид во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје, согласно чл.57 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства со кој е уредена постапката за разгледување и препишување на списи.

Погоре наведеното, неспорно укажува дека обвинителствата се отворени за соработка со Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека нема пречки за остварување на истата во законски утврдени рамки.

Воедно, Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека по повод поднесените кривични пријави против лицата од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, до истото упати повеќе покани што согласно Законот за кривична постапка треба да бидат доставени до лицата за кои се наменети. За сите покани до Основното јавно обвинителство – Скопје е одговорено од страна на Јавниот обвинител што раководи со Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите дека цитираме: „Во врска со поканата упатена до …, Ве известуваме дека лицето нема да даде исказ во означеното време како што е наведено во поканата. Согласно одредбите од Законот за кривична постапка и чл.10 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите потребно е детално да ме известите за причините за повикување на …. и тогаш ќе биде врачена поканата.“

Сето ова, упатува на заклучок дека Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не соработува и постапува спротивно на законот спречувајќи го расветлување на случаите што се во надлежност на Основното јавно обвинителство – Скопје, а во кои се инволвирани лица од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во тој контекст, ја подржуваме иницијативата за воведување на ново кривично дело – Попречување на правдата со цел да се отстранат опструкциите со кои се соочува Основното јавно обвинителство – Скопје во своето постапување, а кои во иднина може да се појават и во надлежно постапување и на другите обвинителства.

579 total views, no views today

Обвинение против едно лице кое при вршење семејно насилство се обиде да ја лиши од живот сопругата

Скопје, 02 Март 2016

Надлежен јавен обвинител поднесе обвинителен акт против четириесет и четири годишниот В.Д. од Скопје за сторено кривично дело Убиство (во обид). Обвинетиот се товари дека на 03.01.2016 година ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки животозагрозувачки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок било и едно од трите малолетни деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, сега обвинетиот веднаш беше лишен од слобода.

Обвинителниот акт е поткрепен со повеќе материјални докази, записници од извршени вештачења и искази на сослушани лица.

Заедно со поднесувањето на обвинителниот акт, надлежниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

398 total views, no views today

Соопштение

Скопје, 26 Февруари 2016

Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со истрагата за авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и неговите сопатници, информира дека до овој момент од досега утврдените факти во предметот, како и од поднесениот извештај од Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата и од други во меѓувреме добиени и прибавени материјали, во досегашната компарација со претходните извештаи и докази, не произлегуваат нови околности кои би довеле до донесување на поинаква одлука од претходно донесената Резолуција.

Иако извештајот на Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата не е дел од официјалната истрага, тој е земен во разгледување од страна на Јавното обвинителство и е анализиран компаративно, давајќи му третман како и на сите информации кои досега се примени. Притоа е утврдено дека од извештајот не произлегуваат нови релевантни околности за промена на веќе донесената одлука.

Во исто време потенцираме дека резолуцијата не е конечна одлука. Тоа значи дека Јавното обвинителство нема правна пречка и натаму да ги испитува сите околности на настанот.

476 total views, no views today

Јавен обвинител врши увид на лице место во с. Добреште каде денеска две лица се тешко повредени

Скопје, 25 Февруари 2016

Четириесет и пет годишен жител на село Дебреште е осомничен за нанесување на тешки телесни повреди со нож. Денеска тој нападнал и повредил две лица, неговата поранешна сопруга и нејзиниот татко.

Според првичните сознанија, осомничениот и порано се заканувал на поранешната сопруга и нејзините родители. Тој денеска пристигнал во куќата на таткото на оштетената и откако му било кажано да замине, го нападнал таткото на поранешната сопруга и неколкупати го ранил со нож во грбот. Со истото оружје подоцна ја нападнал и поранешната сопруга и ѝ нанел прободна рана во пределот на грбот. По нападот, осомничениот се дал во бегство.

Оштетените се пренесени во Општата болница – Прилеп, но поради сериозноста на повредите оштетениот повозрасен жител на с. Дебреште е испратен на натамошно лекување во Скопје.

Јавниот обвинител кој врши увид на лице место до Полициските станици издаде Наредба за потрага по осомниченото лице, како и наредби за прибирање на траги од лице место, а со цел расветлување на настанот и утврдување на факти во предметот.

442 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Тетово поднесе обвинение против лекар – гинеколог за сторено кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето

Скопје, 25 Февруари 2016

Поднесеното обвинение против лекарот гинеколог од Клиничката болница од Тетово го товари за несовесно постапување при пружање лекарска помош, поради што е предизвикана смрт на едно лице.

Имено, во август минатата година, при вршење на царски рез врз пациентка, обвинетото лице не ги презело сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици, а кои во конкретниот случај биле многу веројатни. По настанато крварење, лекарот веднаш не извршил медицинска интервенција со што можел да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку истата ја извршил со задоцнување кога веќе било извесно дека здравствената состојба на пациентката е сериозно нарушена. Поради задоцнетото реагирање, пациентката западнала во кома. Во таква состојба била префрлена во Клинички центар во Скопје, каде и починала.

Поради горе наведеното, по прибирање на сите материјални и вербални докази, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово го поднесе обвинението и во исто време до Основниот суд  - Тетово достави и предлог на обвинетиот да му се изрече и споредна казна – Забрана за вршење професија – лекар.

404 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Битола нареди истрага за убиството во село Маково

Скопје, 22 Февруари 2016

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во с. Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото село, на начин што со овчарски стап го удрил неколку пати во пределот на главата. Од ударот оштетениот се здобил со повеќе повреди на главата, па по два-три часа починал на Одделението за хирургија при Клиничката Болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.

Надлежниот обвинител до  Судијата на претходна постапка на Основниот суд во Битола поднесе барање и за определување на мерка притвор за осомничениот.

445 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство Гостивар ја расчистува тепачката меѓу навивачките групи на Будуќност и Шкендија

Скопје, 22 Февруари 2016

На ден 21.02.2016 година на магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево, во близина на преминот Стража, на место викaно Сретков Мост, два автобуса со навивачи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ од Подгорица, Црна Гора, биле паркирани на проширен дел од патот. Во тој момент со полициска придружба поминувал еден автобус од вкупно 10 автобуси со навивачи на фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово. При разминувањето започнало каменување помеѓу двата автобуси на „Будуќност“ и едниот автобус на „Шкендија“, по што по пристигнување и на останатите автобуси со навивачи на „Шкендија“ и започнала групна тепачка помеѓу двете навивачки групи.

Во настанот 10 лица навивачи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ се здобиле со телесни повреди и едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од навивачите на фудбалскиот клуб.„Шкендија“ три лица се со телесни повреди.

Истражувајќи го настанот, надлежното Основно јавно обвинителство Гостивар врши сослушување на инволвираните лица. Во моментов дејствијата се насочени кон вкупно 14 лица и тоа за сторено кривично дело Учество во тепачка од член 142 од Кривичниот законик. Преземањето на активности од страна на надлежен јавен обвинител продолжува во насока на расветлување на настанот и утврдување на факти во предметот.

379 total views, no views today

Се истражуваат причините за сообраќајната несреќа во Прилеп во која животот го загуби едно лице

Скопје, 22 Февруари 2016

Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на лице место за случената сообраќајна несреќа во која животот го загуби триесет и девет годишен прилепчанец. Сега починатото лице било совозач во моторно патничко возило, што удрило во метална конструкција. Возачот, исто така триесет и девет годишен прилепчанец, не е повреден и со него во моментов се вршат неопходни испитувања, со цел да се утврдат причините за случената несреќа.

Надлежен обвинител донесе Наредби за вршење обдукција на починатиот, за прибирање на траги од лице место, како и за вршење на сообраќајно техничко вештачење.

428 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Прилеп нареди обдукција на починатата родилка

Скопје, 19 Февруари 2016

Во текот на вчерашниот ден во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп била примена пациентка која во попладневните часови родила здраво дете. По повеќе часови по породувањето, односно денеска околу 1: 50 часот дваесет годишната родилка починала. По констатирање на настанатата смрт, известен е надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп.

Обвинителот изврши увид на лице место, при што донесе Наредба за обдукција на починатата родилка и наредби за обезбедување на доказен материјал.

Во насока на расветлување на настанот, во тек е преземање и на други дејствија.

455 total views, no views today

Page 64 of 88« First...102030...6263646566...7080...Last »