Основното јавно обвинителство Гостивар ги истражува околностите во врска со пронајдениот машки труп близу Чегране

Скопје, 29 Мај 2015

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во месноста викана Старо Чајле, во близина на с. Чегране, каде беше пронајден машки труп. Имено, вчера во 17.00 часот од случаен минувач е пронајдено починато лице во водите на реката Вардар.

Првичните сознанија укажуваат дека починатото лице, родено 1929 година, предходно било пријавено како исчезнато.

Надлежен обвинител издаде Наредба за вршење на обдукција со цел утврдување на причините за настанатата смрт.

Истрагата е во тек.

434 total views, no views today

Постапка против двајца разбојници кои оштетиле лица во Прилеп

Скопје, 27 Мај 2015

По доставената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи – ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца осомничени за продолжено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.45 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Истражната постапка ќе се спроведува поради постоење основано сомнение дека во временскиот период од 29.04.2015 до 26.05.2015 година по претходен меѓусебен договор, со намера противправно да присвојат туѓи подвижни предмети, со употреба на сила од оштетените седум лица, сите од Прилеп, одзеле подвижни предмети. Имено, осомничените најчесто при пресретнување на оштетените со употреба на сила им одземале подвижни ствари, ташни, златен накит, мобилни телефони и сл. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничените.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот обвинител и на осомничените со Решение им определи притвор во траење до 30 дена почнувајќи од 26.05.2015.

485 total views, no views today

Основниот јавен обвинител во Велес во соработка со увидна екипа од СВР Велес изврши увид на местото на сообраќајната несреќа на автопатот Градско -Велес

Скопје, 27 Мај 2015

Вчера во доцните попладневни часови, на околу 300 м. пред наплатната станица – Градско се случи двојна сообраќајна незгода во која две лица го изгубија животот.

До несреќата дошло кога товарно моторно возило сопственост на ЈП Македонска пошта удрило во товарното моторно возило кое стоело од левата страна на автопатот, при што истото го оштетило. Лицата кои ги управувале товарните возила поставиле сигнализација со цел да укажат за случената незгода. Набргу зад нив налетал патнички автомобил марка „Мазда” со скопски регистарски таблички кој најнапред удрил во возилото на ЈП Македонска пошта и продолжил да се движи понатаму извртувајќи се на средната лента од коловозот.

Од силината на ударот целата десна страна од патничкиот автомобил била уништена и распадната на делови. Како последица од ударот сопатниците во патничкиот автомобил – жена(34) и дете (4) починале на самото место на настанот.

По Наредба на надлежниот јавен обвинител сите три возила се упатени на технички преглед, а од лицата кои ги управувале се земени крв и урина заради проверка на евентуално присуство на алкохол, преземени се сите дејствија на обезбедување на трагите од кои ќе се утврдат причините за несреќата. Основното јавно обвинителство – Велес ќе преземе и дополнителни дејствија заради утврдување на причините за несреќата.​

455 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Казнен налог против четири лица вработени во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи заради Несовесно работење во службата

Скопје, 19 Мај 2015

Обвинетите во својство на службени лица, вработени во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи Кавадарци, во временскиот период од  14. 08. 2014 година до 07.10.2014 година, очигледно несовесно постапиле при вршење на дискреционите овластувања и сториле  повреда на прописи од Законот за семејство.

Имено, обвинетите лица примиле пријава од оштетеното лице за семејно насилство извршено врз неа и нејзините малолетни деца од брачниот другар, сега обвинето лице за сторено тројно убиство. Во исто време, обвинетите од оштетената примиле и Барање со предлог за изрекување привремена мерка за заштита од семејно насилство  и тоа: да не ја вознемирува, физички да не и се заканува, телефонски да не ја малтретира и да му се забрани приближување.

Секој од сега обвинетите, во рамки на своите овластувања, не изготвил индивидуален план за работа, не водел листа за следење на работата, не извршиле посета во семејството, не составиле поединечен наод и мислење за процена на ризик со предлог заклучоци. Обвинетите како членови на стручен тим на одржана седница донеле заклучок да не се постапува по пријавата на оштетената поради што и не поднеле барање до судот за изрекување на бараните привремени мерки.

Со ваквото непостапување од страна на обвинетите, на оштетената и е нанесена штета, со тоа што пријавениот на 09.11.2014 година ја остварил заканата со извршување на убиство на членови од семејството на оштетената.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци по спроведување на истражна постапка, по разгледување и анализа на сите докази во предметот, до Основниот суд Кавадарци поднесе Казнен налог против четири лица  за Несовесно работење во службата, со што предложи на судот да ги огласи обвинетите за виновни и да им изрече казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку во рок од една година обвинетите не сторат ново кривично дело.

432 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена против едно лице за сообраќајната несреќа на Рузвелтова

Скопје, 19 Мај 2015

По прибирање на сите материјални докази и факти и по исцрпно разгледување и анализа, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе јавнообвинителска одлука – Решение за отфрлање на кривичната пријава.

Имено за предметната сообраќајна незгода случена на ул. Рузвелтова, при што едно лице го загуби животот, од страна на Министерството за внатрешни работи беше доставена кривична пријава против едно лице за сторено кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Во текот на постапката од страна на одбраната беа доставени две вештачења, согласно кои кај осомничената не постои вина за настанување на незгодата. Со цел правилно утврдување на фактичката состојба, од страна на Основното јавно обвинителство Скопје со наредба е наложено ново вештачење, согласно кое возачот не направил пропусти, а пешакот е тој кој има направено пропусти кои се причинско последично поврзани со настанување на незгодата. Од страна на оштетените – законски застапници на сега починатото лице, доставено беше вештачење кое по наодот и мислењето се разликуваше од другите вештачења.

Со цел разјаснување на контрадикторностите, а во насока на утврдување на фактите во предметот, надлежниот јавен обвинител издаде уште една наредба за вештачење, по што списите од предметот беа доставени до Бирото за судски вештачења на тим од вешти лица од областа на сообраќајот.

Согласно вештиот наод и мислење на тимот од вешти лица при Бирото за судски вештачења произлегува дека возачот во конкретната ситуација реагирал соодветно на дадената ситуација. Имено, во околностите кои се создале со неправилното и невнимателно преминување на пешакот преку коловозот надвор од пешачки премин, возачот немал техничка можност да ја избегне незгодата. Тимот од вешти лица констатира дека опасната ситуација ја создал пешакот, а возачот немал никаква техничка можност за избегнување на незгодата.

Со добиеното вешташење од тимот вешти лица од Бирото за судски вештачења се потврдија наодите од предходните вештачења, со што јавниот обвинител не поклони верба на заклучоците дадени во вештиот наод и мислење доставен од оштетените, бидејќи истите се спротивни со заклучоците на сите останати вешти лица.

Со оглед на фактот дека возачот – осомниченото лице во целост постапило согласно сообраќајните правила и прописи, јавниот обвинител утврди дека во дејствијата на осомниченото лице нема елементи на кривично дело што се гони по службена должност.

449 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Битола ја истражува причината за сообраќајната несреќа кај Демир Хисар

Скопје, 19 Мај 2015

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место за случената сообраќајна несреќа во близина на Демир Хисар, кога автобус со скопски регистарски таблички излетал од патот.

Надлежниот обвинител ги презема сите потребни дејствија за расветлување на настанот. Прибрани се материјални докази и траги од местото, извршено е скицирање и фотографирање, издадени се натамошни Наредби за вршење на потребни вештачења со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.

Во несреќата девет лица се здобија со телесни повреди, а едно лице – возач на автобусот со тешки телесни повреди.

 

344 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителни предлози против 12 лица за сторено кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие

Скопје, 14 Мај 2015

По прибирање на сите докази и факти во предметот, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог во Основниот суд Скопје 1 Скопје, против четворица обвинети за сторено кривично дело за време на протестите пред Владата на Република Македонија. Истовремено, надлежниот обвинител за сторителите на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, побара и продолжување на мерката притвор за тројца од нив, додека пак за еден од обвинетите предложи замена на мерката притвор со мерка за претпазливост. Судот го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител.

Денеска е поднесен и Обвинителен предлог за втората група учесници во протестите. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обвини осум лица за сторено кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. Ценејќи дека се исполнети законските основи, за седум обвинети е поднесен и предлог за продолжување на мерката притвор, а за еден обвинет  продолжување на мерката куќен притвор.

 

452 total views, no views today

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Спогодба за затворска казна со лице обвинето за криумчарење на мигранти

Скопје, 13 Мај 2015

Минатиот месец на 14.04.2015 година на автопатот Гевгелија – Скопје на крстосницата за Велес и Штип, обвинетиот – возач на камион е запрен од страна на полицијата при што било откриено дека превезува 150 мигранти во две камионски прилколки. Исплашените мигранти се разбегале по околните ниви, при што 15 мигранти од кои две малолетни лица и едно бебе биле фатени и префрлени во Прифатниот центар во Скопје.

При истрагата е утврдено дека за патот низ Република Македонија мигрантите плаќале 1000 евра од лице, од кои, како награда за извршената услуга возачот требало да земе по 50 евра од превезено лице.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по прибирање и предочување на сите докази на осомничениот, склучи Спогодба со едно лице обвинето за сторено кривично дело – Криумчарење на мигранти, при што е договорена затворска казна во траење од 5 години и 6 месеци.

Судијата од Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја прифати Спогодбата и донесе соодветна Пресуда со која на обвинетиот му е определена казна – Затвор во траење од 5 години и 6 месеци и му е одземен камионот со кој ги превезувал мигрантите.

416 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Предлог за определување мерка – Притвор за осомничениот за убиството во скопската населба Пржино

Скопје, 11 Мај 2015

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје изврши увид во домот на починатото лице кое завчера беше пронајдено во населбата Пржино.

По увидот, јавниот обвинител  донесе Наредба за спроведување на истражна постапка, а до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство по семејно насилство.

Јавниот обвинител продолжува да ги презема сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактите за целосно расветлување на случајот.

373 total views, no views today

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на членовите на терористичката група и со увидот на местото на настанот

Скопје, 11 Мај 2015

Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор.

Осомничените се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од чл. 313 и „Здружување заради непријателска дејност” од чл. 324 од Кривичниот законик, а дел од групата и за кривично дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” од чл.396 ст.2 вв ст1.

Во текот на вчерашниот ден, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши увид на местото на настанот во Куманово, во населбата „Диво насеље” и прибра докази кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде Наредба за обдукција на сите починати лица. Истражната постапка продолжува.​

476 total views, no views today

Page 79 of 94« First...102030...7778798081...90...Last »