Кумановското Основно јавно обвинителство навремено ги превзеде сите потребни дејствија за утврдување на причините за смртта на двегодишното дете од Куманово

Скопје, 24 Декември 2014

По објавување на натписи во дел од весниците и порталите, а со цел информирање на јавноста во врска со постапувањето на јавното обвинителство во случајот на починатото двегодишно дете од Куманово, Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека навремено се преземени сите мерки за утврдување на причините за смртта на детето.

Имено, во вечерните часови помеѓу 20 и 21.12.2014 година во Основното јавно обвинителство Куманово е примено известување од страна на СВР Куманово дека во Скопските клиники е примено дете кое починало, а кое живеело во Куманово и дека постојат индиции дека се работи за насилна смрт настапена како последица на негрижа на родителите и премрзнатост.

По добивање на ваквото известување од страна на дежурниот јавен обвинител веднаш се издадени повеќе насоки за постапување и тоа за вршење на увид на лице место и фотодокументирање на просторијата во која живееле детето и неговите родители, како и условите за живот, обавување на разговори со соседите на семејството за да се добијат податоци за условите во кои живеело семејството и грижата за децата.

Надлежниот обвинител веднаш издаде наредба за вршење разговори со персоналот во Кумановската болница и болницата во Скопје каде е примено детето. Исто така дадена е наредба за прибирање податоци од Центарот за социјални работи во однос на нивните сознанија за семејството на починатото дете, при што утврдено е дека детето нема единствен матичен број, дека не е заведено во матична книга на родени.

Воедно на ден 22 декември 2014 година, надлежниот јавен обвинител издаде и наредба за вршење на обдукција на телото на починатото дете со цел утврдување на точните причини за настапување на смртта.

Основното јавно обвинителство Куманово ги има преземено сите потребни дејствија во насока на утврдување на постоење на кривично дело и сторител и прибирање докази за истото, а по добивањето на сите побарани докази и известување ќе следи донесување на јавнообвинителска одлука во врска со настанот.

467 total views, 1 views today

Oсновното јавно обвинителство Скопје нареди дополнително вештачење на доставените податоци од поднесокот за фалсификување пасоши

Скопје, 24 Декември 2014
Основното јавно обвинителство Скопје констатираше дека е потребно да се изврши дополнување на вештачењето заради давање на одредени појаснувања и да се извршат дополнителни проверки на доставените податоци од анонимниот поднесок, според кој постоела индиција дека непознати сторители сториле кривично дело Фалсификување исправа.
Постапувајќи по анонимниот поднесок од 27.11.2014 година, доставен до Јавното обвинителство на Република Македонија, Основното јавно обвинителство Скопје по приемот и анализата на вештачењето и доставените податоци, се обрати до МВР со нова наредба за преземање на потребните дејствија.

449 total views, 4 views today

Основното јавно обвинителство Тетово нареди спроведување истрага за обид за убиство

Скопје, 22 Декември 2014

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство.
Осомничениот со удар со кујнски нож се обидел да го лиши од живот оштетениот, нанесувајќи му убодна рана во пределот на десната страна на вратот. Оштетениот со левата рака успеал да го фати ножот и да му го одземе, по што осомничениот со трчање се оддалечил во непознат правец и не успеал да ја реализира намерата.
Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово го прифати предлогот и одреди мерка – Притвор во траење од 30 дена.

452 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Тетово поведе истражна постапка против полициски службеник

Скопје, 22 Декември 2014

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка  против  едно лице – полициски службеник, поради основано сомнение дека извршил кривични дела -  Злоупотреба на  службена положба и Разбојништво.

Осомничениот, полицаец во СВР – ПС за БПС Тетово, облечен во сина полициска униформа и полициски фосфорен елек, на автопатот Скопје-Тетово го запрел возилото на оштетените, по што одзел подвижен имот и тоа две ташни, три женски рачни часовници, два мобилни телефони, еден женски паричник и кутија со златен накит со засега неутврдена вредност.

Надлежниот јавен обвинител поднесе  Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот до Судија на претходна постапка во Основниот суд – Тетово поради можноста  за бегство на осомничениот  или влијание врз сведоците и оштетените.

Судијата се согласи со предлогот на Обвинителството, по што донесе Решение на осомничениот му да му се определи мерка притвор во траење од 30 дена.

530 total views, 1 views today

Гласовите за првите две местa нa Скoпскиот фестивaл се вoлјa нa грaѓaните

Скопје, 15 Декември 2014

Врз oснoвa нa дoсегa спрoведените истрaжни дејствијa вo врскa сo нерегулaрнoстите при глaсaњетo нa Скoпскиoт фестивaл, Oснoвнoтo јaвнo oбвинителствo зa гoнење нa oргaнизирaн криминaл и кoрупцијa јa инфoрмирa јaвнoстa декa првите две местa се сo регулaрни глaсoви.

Именo, дoсегaшнoтo вештaчење нa глaсaњетo укaжувa нa тoa декa зa првите две местa нa гoдинешниoт Скoпски фестивaл, грaѓaните јa имaaт искaжaнo свoјaтa вoлјa и свoите глaсoви ги имaaт дoделенo нa истите.

Oснoвнoтo јaвнo oбвинителствo зa гoнење нa oргaнизирaн криминaл и кoрупцијa прoдoлжувa сo истрaгaтa.

372 total views, 2 views today

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 10 Декември 2014

Јавното обвинителство на Република Македонија во коорганизација со ЕУ – TAIEX инструментот  организираат Меѓународна работилница на тема ” Новиот пристап во кривичната постапка и улогата на јавните обвинители” во деновите  11 и 12 декември 2014 година.

Работилницата која ќе се одржи во Скопје,  ќе биде можност да се разменат искуствата на обвинителите од Јавните обвинителства на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, како и експерти од земји членки на Европската Унија.

 

Покрај јавните обвинители, на средбата ќе присуствува и Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, како и претставници од судството и надлежни институции за откривање и гонење на криминалот.

 

400 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага за сообраќајната незгода во која животот го загуби шеснаесет годишно момче

Скопје, 26 Ноември 2014

Во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје пристигна кривичната пријава поднесена од МВР за сообраќајната незгода кај раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај кога беше прегазен малолетник. Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со активности за прибирање на докази и утврдување на причините за несреќата.

523 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Струга ги истражува причините за смртта на осуденикот од КПУ Струга

Скопје, 25 Ноември 2014

Денес околу 11.40 часот надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга излезе на увид на лице место во Казнено поправната установа – Струга каде што е пронајдено безживотно тело на осуденик. Станува збор за осуденик, роден 1978 година, кој издржувал казна затвор за кривично дело – Загрозување на сигурноста.

Телото на починатиот со Наредба на јавниот обвинител е предадено на обдукција. Се собираат доказите и се утврдуваат фактите во предметот, за да се откријат причините за смртта.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

397 total views, 2 views today

Основното јавно обвинителство Штип презема активности за расветлување на тројното убиство во Злетово

Скопје, 25 Ноември 2014

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип врши увид на лице место со цел утврдување на фактите, прибирање на докази заради расветлување на тројното убиство во Злетово.  Според првичните сознанија, сторителот на кривичните дела утринава околу 6.30 минути се упатил во семејниот дом на сега починатото лице М.Д  роден 1963 година, каде со огнено оружје го лишил од живот.  Осомничениот потоа се упатил кон семејната куќа на родителите на неговата сопруга, шеесет и три годишните    И.М и Ј.М, по што со автоматска пушка насилно им го одзел животот.

Со намера да ја пронајде и усмрти и неговата сопруга, осомничениот продолжил кон  соседната куќа каде престојувала неговата сопруга  заедно со нејзиниот брат.  Но,  во намерата бил спречен од страна на братот на сопругата, кој ги слушнал предходните истрели. Со физичка пресметка тој успеал на осомничениот  да му го одземе оружјето, по што осомниченото лице се дало во бегство.

Надлежниот јавен обвинител дополнително преку издадена Наредба за обдукција на тројцата починати и натамошни дејствија продолжува со истрагата.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

352 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица

Скопје, 21 Ноември 2014

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица, меѓу кои за пет државни службеници вработени во Општина Охрид и пет управители на трговски друштва.

Осомничените се товарат дека во периодот од 2006 – 2013 година при вршење на јавни набавки за потребите на Општина Охрид, сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 став 5 од Кривичниот законик и други кривични дела, со што за други правни лица прибавиле имотна корист од околу 112 милиони денари, а на штета на општината.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе Предлог за определување на Мерка за обезбедување на присуство на осомничените лица.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

449 total views, 1 views today

Page 85 of 92« First...102030...8384858687...90...Last »