Поднесено обвинение против 12 лица за Несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Скопје, 07 Мај 2018

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против 12 лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството постапуваше по предметот оформен по допрен глас, кон кого подоцна беше припоена и кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и законскиот застапник на оштетеното дете, сега починатата Тамара Димовска од Велес. Прочитај повеќе…

387 total views, no views today

Наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица за случајот со штитеничката од домот

Скопје, 04 Мај 2018

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица македонски државјани инволвирани во предметот со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Трговија со дете од чл.418-г ст.4 во врска со ст. 3 од Кривичниот законик, за кое дело е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.

Осомничените иако знаеле дека детето е жртва на трговија со луѓе биле корисници на сексуални услуги и друг вид екплоатација од малолетното лице.
По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничените лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што веќе информиравме, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги написите во врска со овој случај отвори предмет по допрен глас. По спроведени предистражни дејствија, надлежниот јавен обвинител во февруари донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторено кривично дело Трговија со дете од чл.418-г ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик. Тогаш, на Предлог на јавниот обвинител со одлука на судот на лицето му беше определената мерка притвор која се продолжува во континуитет согласно постојаното прибирање на доказниот материјал за расветлување на овој кривично правен настан. ​ Осомниченото лице од декември 2017 година до 6.02. 2018 година употребувајќи сила, измама и присилба, а воедно искористувајќи ја детската немоќ, го подвела оштетеното дете на вршење на полови дејствија со полнолетни мажи во повеќе градови низ земјава. Осомничената го превезувала детето, го продавала, го нудела на продавање заради експлоатација по пат на користење на сексуални активности за паричен надоместок, го присилувала на принудна работа и слугување и организирала и присилен брак што не се реализирал.

113 total views, no views today

Работни средби во обвинителствата во Охрид и Струга

Скопје, 04 Мај 2018

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески оствари одделни средби со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Охрид и од Основното јавно обвинителство Струга.

Тема на двете работни средби беа тековните прашања и проблемите со кои се соочуваат јавните обвинители од овие обвинителства во текот на работењето.

На средбата со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Охрид стана збор за подобрување на ефикасноста во постапувањето и мерките кои во таа насока треба да се преземат.

На средбата во Основното јавно обвинителство Струга, Јовески ја нагласи важноста на самостојноста и одговорноста во постапувањето на јавните обвинители.

Одржаните средби во двете обвинителства се дел од активностите за унапредување на состојбите во обвинителството кои ги презема Јавниот обвинител на Република Македонија.

94 total views, no views today

Притвор за албански државјанин кој пренесувал дрога

Скопје, 03 Мај 2018

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против албански државјанин на 37 годишна возраст затоа што постои основано сомнение дека на ден 02.05.2018 година неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од над 130 килограми.

Осомничениот со товарно моторно возило марка Волво со албански регистарски ознаки и со полуприколка КРОНЕ со албански регистарски ознаки пренесувал дрога на граничниот премин Богородица. Вo посебно направен простор во внатрешноста на страничните даски за кои е прицврстена церадата на полуприколката биле сместени 323 пакувања со правоаголна форма, обвиткани со транспарентна растеглива фолија во кои била сместена наркотичната дрога – марихуана, што е констатирано од страна на овластените службени лица на Царинската управа на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство во Велес најде дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот и го оправдуваат стравот дека осомничениот може да го повтори кривичното дело, поради што до Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог да се донесе решение со кое ќе се определи притвор за осомниченото лице.

Од страна на Судија на претходна постапка на Основен суд Велес е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

97 total views, no views today

Притвор за осомничена за неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога – хероин

Скопје, 02 Мај 2018

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Царинската управа на Република Македонија, започна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од чл.215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 33-годишна жителка на Тетово се товари дека на 30.04.2018 година, на граничниот премин Табановце, при влез во Република Македонија, се обидела да внесе наркотична дрога хероин. Имено, осомничената како патник во автобус од еден превозник, во преграда која се наоѓала на потпирачот за раце и која била наменета за отпад, се обидела да сокрие две најлонски пакувања замотани во хартија со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 13,44 грама. При извршен претрес во автобусот дрогата е откриена и одземена од страна на овластени царински службеници.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд Куманово поднесе предлог за определување мерка притовр за осомничената. Судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово спроведе постапка и со решение го уважи предлогот на Обвинителството, односно ја определи предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена сметано од 01.05.2018 година.

94 total views, no views today

Работни средби во обвинителствата во Велес и Гевгелија

Скопје, 19 Април 2018

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, вчера оствари одделни средби со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Велес и од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Тема на работните средби беа тековните прашања и проблемите со кои се соочуваат во текот на работењето јавните обвинители од овие обвинителства. Стана збор за подобрување на ефикасноста во постапувањето и мерките кои во таа насока треба да се преземат.

Јовески ја истакна поддршката која ја имаат јавните обвинители во заложбите за подобро функционирање, како и за професионално, стручно и независно постапување.

Одржаните средби во двете обвинителства се дел од активностите за унапредување на состојбите во обвинителството кои ги презема Јавниот обвинител на Република Македонија.

99 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Кочани спроведува истрага против полициски службеник

Скопје, 13 Април 2018

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице – полициски службеник на кој му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Врз основа на претходни сознанија и примена на посебни истражни мерки, на 11 овој месец во Кочани по наредба на јавен обвинител од страна на Министерството за внатрешни работи е спроведена акција во која е фатен полициски службеник при продажба на 26,2 грама дрога – марихуана. Осомничениот е задржан во Полициската станица во Кочани и во текот на вчерашниот ден е изведен пред Судија на претходна постапка.

Имајќи ги во предвид околностите, тежината на кривичното дело и запретената казна од три до десет години затвор, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор од член 165 став 1 т.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Кочани во текот на вчерашниот ден, јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка – Притвор кој е прифатен и со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена.

122 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Битола изврши увид на местото каде ноќеска е ранет разбојник

Скопје, 11 Април 2018

Вчера вечер, во колонијална продавница во Битола е извршено разбојништво. Според добиените сознанија, инспекторите од СВР Битола го известиле дежурниот јавен обвинител дека можниот сторител е скопјанец кој престојува кај својата девојка. Заради пронаоѓање предмети што потекнуваат од кривичното дело или се важни за кривичната постапка издадена е Наредба за претрес на домот и други простории на адресата на девојката.

При обид да се изврши претрес во ноќните часови, осомничениот не сакајќи да излезе од помошната просторија, започнал да пука во полициските службеници при што било употребено огнено оружје и од страна на полицијата. Околу 1:50 часот осомничениот пукајќи​ се обидел да избега од помошната просторија во дворот, на што било возвратено од страна на полициските службеници и истиот бил совладан. Во престрелката осомничениот се здобил со прострелни рани во пределот на нозете и е пренесен во Клиничката болница во Битола. Се наоѓа во стабилна здравствена состојба и над него ќе биде извршен оперативен зафат.

Надлежниот јавен обвинител изврши увид на местото на настанот и издаде наредби за обезбедување на материјални траги. Во тек е прибирање на останатите докази.

103 total views, 2 views today

Основното јавно обвинителство Куманово побара Бобан Илиќ да биде задржан во притвор до правосилноста на пресудата

Скопје, 07 Април 2018

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд Куманово достави Предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице Бобан Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 2 во врска со член 297 ст. 1 од Кривичниот законик.

Обвинителот побара лицето да биде задржано во притвор до правосилноста на пресудата, со цел да се обезбеди неговото присуство.

Кривичниот совет на Основниот суд Куманово го прифати предлогот и определи мерка притвор за обвинетото лице.

99 total views, no views today

Работна средба меѓу државните јавни обвинители на Македонија и Словенија

Скопје, 06 Април 2018

Во рамки на билатералната соработка, денеска Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески одржа работна средба со Државниот главен јавен обвинител на Република Словенија, Драго Шкета. Зајакнување на соработката во областа на владеење на правото преку размена на искуствата од двете држави, беше тема на која разговараа државните обвинители и членовите на делегациите од двете обвинителства.

 30008156_1832044583492463_1618559797_n

На средбата беше презентирана програмата на Меѓународната развојна соработка  на Република Словенија, во чии рамки се одвива проектот „Поддршка на Македонија во Поглавјето 24 – финансиски истраги“. По покана на словенечките колеги, во проектот ќе бидат вклучени и јавните обвинители од Македонија со цел зајакнување на капацитетите и продлабочување на соработката во финансиските истраги.

30122971_1832044533492468_1877990184_o

163 total views, no views today

Page 9 of 64« First...7891011...203040...Last »