Соопштенија

Пет лица под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 26 ноември, извршиле разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во атарот на … Повеќе

Гостиварец осомничен за производство на детска порнографија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен гостиварец, затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а  став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 2022 година до 26.06.2023 година во Гостивар, осомничениот произведувал детска порнографија, снимајќи во повеќе наврати … Повеќе

Поведена истрага против измамничка која лажно нудела работни визи за Германија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада … Повеќе

Побаран притвор за дилер на марихуана од гостиварско

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна посрапка против жител на гостиварското село Сенокос, кај кого полицијата при претрес пронајде наркотична дрога – марихуана. Претресот бил извршен на 18 јануари, во куќа каде осомничениот издржувал мерка куќен притвор за друг кривично правен настан. Притоа, полициските службеници најпрвин со личен преглед на осомничениот пронашле 9,59 грама … Повеќе

Увид на лице место во Гостивар, пронајдено лице со прострелна рана во главата

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во близина на семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, каде синоќа беше пронајдено безживотно тело на машко лице на возраст од 28 години со прострелна рана во главата. Починатиот бил однесен во Ургентниот центар во Гостивар од неговиот татко и … Повеќе

Предложен притвор за гостиварец осомничен за убиство

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 55 години од селото Здуње, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 30 јули, по вербална расправија меѓу две семејства на терасата на една пекарница во … Повеќе

ОЈО Гостивар започна истрага против дилер на марихуана од Дебар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека неовластено им продал наркотична дрога – … Повеќе

Мајка и син обвинети за телесна повреда при семејно насилство во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата. За време … Повеќе

Гостиварец обвинет за телесна повреда при вршење семејно насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен жител на гостиварско Долна Бањица кој при вршење семејно насилство сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот зкаоник. На 2 мај, по претходна вербална расправија преку мобилен телефон, обвинетиот во близина на гостиварската болница со … Повеќе

Двајца жители на Врапчиште обвинети за загрозување на сигурноста на извршителка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против двајца браќа од селото Добри Дол, општина Врапчиште кои се товарат дека сториле кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на возраст од 48 и 47 години, на 18 март ја … Повеќе

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во општина Маврово Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како службено лице – раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше, ги пречекорил службените овластувања и на 02.10.2014 година, по … Повеќе

Предложен притвор за двајца осомничени за недозволена трговија со дрога во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, 29-годишен гостиварец и … Повеќе

Обвинение против две лица од гостиварско за недозволена трговија со кокаин

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од селото Калиште, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите соизвршители, на 12 април во селото … Повеќе

Син и татко од Гостивар обвинети за насилство

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, син и татко на возраст од 30 и 54 години, наведеното … Повеќе

Пронајдено тело на жена во селото Вруток, извршен увид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на една жена со повеќе убодни рани од нож. Станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, … Повеќе

Полицаец и неговиот татко извршиле насилство пред судница во гостиварскиот суд

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, син и татко, на возраст од 30 и 54 години, за кои е поднесена кривична пријава за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавените го сториле делото на 20 април, во чекалница … Повеќе

Откриени двајца дилери на кокаин во гостиварско, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Калиште, на возраст од 40 и 43 години, осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот … Повеќе

ОЈО Гостивар со обвинение за дилер на хероин

Гостиварското обвинителство, по спроведената истражна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, на 14 март, беше затекнат додека кај себе неовластено држел 6,08 грама … Повеќе

Обвинение за нападот врз новинарска екипа во Ѓурѓевиште

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик. На 16 февруари, обвинетиот ги забележал двајцата оштетени – новинар и … Повеќе

Заменик директор во училиште обвинет за малтретирање ученик

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата според член 143 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 26.11.2021 година, при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и … Повеќе