Соопштенија

Предложен притвор за осомничен за полови дејствија врз дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 49 години за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз малолетно девојче кое не наполнило 15 години. Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката, сторувајќи продолжено кривично … Повеќе

Мајка од Струмица осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 3 од Кривичниот законик. Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност … Повеќе

Пазарен инспектор од Струмица осомничен за примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Како службено лице – помлад пазарен инспектор, осомничениот струмичанец во два наврати директно побарал и примил парични средства … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за силување во струмичко

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на … Повеќе

Истрага за напад врз службено лице во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено … Повеќе

ОЈО Струмица поведе постапка против три лица за силување на дете

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за … Повеќе

Насилна смрт на жена во Струмица, се трага по сторител

Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт. Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и … Повеќе

Притвор за дилер на кокаин од струмичко

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Доброшинци, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 август, на излезот од Струмица кон … Повеќе

Истрага за обид за убиство во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 32 и 31 година, од кои првиот е осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, додека вториот е осомничен за поттикнување да го изврши делото. … Повеќе

Истрага за убиство во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица – двајца мажи и една жена, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3  во врска со член 22 од Кривичниот законик. Во попладневните часови на 5 јули, на улицата … Повеќе

Увид во струмичко, пронајдено безживотно тело на маж

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице. Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се … Повеќе

Истрага против наставник за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години. Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври … Повеќе

Струмичкото обвинителство поведе постапка против осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен жител на с. Вељуса поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот  на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во с. Вељуса, се обидел … Повеќе

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 и Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, како соизвршители, на 8 април … Повеќе

Струмичкото обвинителство поведе истрага за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Кривичниот законик. Имено, постои сомнение дека осомничениот 26-годишник од Радовиш извршил обљуба врз малолетничка. Јавен обвинител веќе извршил разговор … Повеќе

Поведена постапка за тепачката во Струмица

По поднесена кривична пријава од СВР Струмица, денеска Основното јавно обвинителство Струмица отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи на 18 март 2021 година. Од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 , а останатите десетмина … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за тепачката во Струмица

По објавите на социјалните мрежи и во медиумите, Основното јавно обвинителство Струмица вчера, по допрен глас оформи предмет за настанот во центарот на Струмица, кога повеќе лица беа учесници на тепачка. Издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување на податоци и утврдување на идентитетот на лицата кои беа учесници во настанот. Обвинителството … Повеќе

Истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а од Кривичниот законик. Во август 2019 година, осомничените на возраст од 24 и 27 … Повеќе

Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10.00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар. Неопходни услови за вршење  на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на … Повеќе

Поведена истрага за родосквернавење и обљуба на немоќно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела – Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 и Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба … Повеќе