ВНАТРЕШЕН ОГЛАС за пријавување кандидати за Јавен обвинител за врски од Република Северна Македонија во ЕВРОПРАВДА

Жител на Гевгелија осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник. Осомничениот, на 12 декември, со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. Делото го сторил така што ја протнал … Повеќе

Истрага против едно лице кај кое беше пронајдена марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на улицата „Никола Тесла“, на 9 … Повеќе

Предложен притвор за лице осомничено за насилство во скопски ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека 40-годишниот скопјанец, на 28 ноември во ресторан на улицата „Лондонска“, најпрвин започнал вербална расправија со едно лице, а потоа и физички го нападнал. Кога … Повеќе

Скопјанец осомничен за напад врз полицаец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 10 декември, извршувајќи работни задачи по претходно изготвен план „Безбеден град“ за подрачјето на Град Скопје, полициски службеник … Повеќе

Реакција на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ги оценува како неосновани, паушални и неточни личните оценки во однос на неговата и на работата на Јавното обвинителство, изнесени на јавен настап од страна на заменик претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење. Во јавниот настап, во кој таа учествуваше како носител на јавна функција од … Повеќе

ОЈО Струга оформи три предмети за злоупотреби во Здравствениот дом Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга, постапувајќи по поднесена кривична пријава, оформи предмет против едно лице кое е пријавено за кривичните дела – Фалсификување исправа од член 378, Измама од член 247 и Надрилекарство предвидено во член 209 од Кривичниот законик. Пријавениот, иако знаел дека не поседува документација која е потребна за вработување, изготвил лажни исправи – … Повеќе

Истрага за тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 28 ноември, на … Повеќе

Поведена постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник, на 5 декември, со возило „Мини купер“, навлегол на крстосницата меѓу улиците „Пијанец“ и „Козле“, без да го пропушти возилото кое веќе се движело … Повеќе

Поднесено обвинение за насилство сторено од омраза

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и … Повеќе

Расчистен обид за убиство во Велешта, истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое … Повеќе

Истрага за разбојништво во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник од Велес со привремено престојувалиште во Куманово, кој е осомничен за кривично дело – Разбојништво од член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 20 ноември, тој со употреба на сила од друг одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. … Повеќе

Предложен притвор за дилер на марихуана од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 21 ноември, откако при личен претрес кај осомничениот биле пронајдени 10,69 … Повеќе

Обвинение за насилство врз новинарска екипа

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина … Повеќе

Жител на Дреново осомничен за обид за силување

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. На 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. … Повеќе

Марихуана и кокаин пронајдени кај велешанец, при претресот нападнал полицаец

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32 – годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член … Повеќе

Поведена истрага против жител на Слатино, пронајден кокаин и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен жител на тетовско Слатино кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и Недозволено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи. При претрес во домот … Повеќе

Постапка за насилство во група во Куманово

Во врска со настан регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи во Куманово, Основното јавно обвинителство Куманово постапува по кривична пријава против вкупно 17 лица. Против 10 пријавени надлежен јавен обвинител веќе поведе постапка за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. До судијата на претходна постапка од Основниот … Повеќе

Предложен куќен притвор за лице осомничено за насилство врз новинарска екипа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Куманово и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група. Речиси сите лица од објавената видео снимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на … Повеќе