Вработена во центар за социјални работи фалсификувала исправи, поднесен предлог за казнен налог

Вработена во центар за социјални работи фалсификувала исправи, поднесен предлог за казнен налог

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишна вработена во Центарот за социјална работа – Кавадарци која се товари дека сторила кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември 2020 до август годинава, како службено лице – член … Повеќе

Две лица во Скопје осомничени за недозволено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници на 10 ноември извршија претреси во домовите на двете лица.  Првиот осомничен, во својот … Повеќе

Скопјанец осомничен дека продавал марихуана и овозможувал на други лица да ја користат

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Овозможување на употреба на наркотични дроги според член 216 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишен скопјанец, … Повеќе

Пронајден полуавтоматски пиштол, истрага против лице претходно осудувано за учество во странска војска

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 5 ноември, како сопатник во автомобил на улицата „Методија … Повеќе

Маж и жена од Велес осомничени за продажба на хероин

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 39 и 36 години, бидејќи постои соновано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените маж и жена, … Повеќе

Истрага за недозволена трговија со марихуана

Oсновното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице од Скопје на возраст од 46 години за кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот со патнички автомобил неовластено пренесувал наркотична дрога – марихуана … Повеќе

ОЈО Скопје и ЗНМ ги разработија насоките за активностите на јавниот обвинител назначен да го следи постапувањето по предметите поврзани со безбедноста на новинарите

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, која беше назначена да го следи и координира постапувањето во предметите поврзани со безбедноста на новинарите, одржаа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, на кои ги прецизираа … Повеќе

Велешанка набавувала дрога за сопругот во затвор, ангажирала таксист да и помогне

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. На 29 октомври, 30-годишна жена неовластено заради продажба држела наркотична дрога – марихуана во количина од 978,6 грама и хероин … Повеќе

Група дилери на марихуана под истрага, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за проведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од  член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените, на 14 … Повеќе

Обвинение за семејно насилство со смртни последици во Неготино

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, кое е обвинето дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со … Повеќе

Јовески на средба со претставници на Европравда

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска прими делегација на Европравда, предводена од потпретседателката на оваа организација Маргарита Шниутите – Догелине која престојува во посета на земјава. Во рамките на посетата, претставниците на Европравда пред Јовески го изложија најновиот проект на ЕУ имплементиран од Европравда, кој предвидува поддршка за земјите од Западен Балкан … Повеќе

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потпишa Работен договор за соработка со Европското јавно обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска во Луксембург потпиша Работен договор за соработка со Европската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси. Документот има за цел да ја олесни меѓусебна соработка и размената на информации меѓу двете обвинителства за да се обезбеди ефикасна истрага и гонење на сторителите на кривични дела, особено кога станува … Повеќе

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе потпише Работен договор за соработка со Европското јавно обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во понеделник, 24.10.2022 година ќе потпише Работен договор за соработка меѓу двете институции со Eвропската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси. Официјалното потпишување на документот ќе се одржи во седиштето на Европското јавно обвинителство во Луксембург во 12:00 часот. На потпишувањето ќе присуствуваат и јавниот обвинител во Јавното … Повеќе

Скопјанка осомничена за измама

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, лажно се претставувала како вработена во Министерството … Повеќе

Мерки на претпазливост за осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник од Дебар за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6  во врска со став 2 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во септември и октомври 2022 година, како вработен на Универзитетската … Повеќе

Велешанец се обидел да лиши од живот жена во полициска станица, одреден притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која … Повеќе

Истрага против велешанец кај кого беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 36 години, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во својот дом  во Велес, осомничениот неовластено … Повеќе

Управител и фирма осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик. Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година свесно ги повредил прописите … Повеќе