Наредба за истрага против диви копачи

Наредба за истрага против диви копачи

​По повеќемесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден беше реализирана акција под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство по издадени судски наредби изврши претреси кај 23 лица на 27 локации. Во акцијата сузбиена е дванаесетчлена … Повеќе

Основниот јавен обвинител Абази се сретна со НЕ Фатос Река

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази денеска оствари средба со НЕ Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во земјава. Амбасадорот му го честиташе изборот на обвинителот Абази и му посака успешно раководење со обвинителството. На средбата беше истакната заложбата за продлабочување на соработката во областа … Повеќе

Соопштение

Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор. „Како што истакнав  и во моето … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дел од меѓународна акција против голема инвестициска измама со криптовалути

На барање на шпанските, германските и финските власти, ЕВРОПРАВДА и ЕВРОПОЛ поддржаа меѓународна акција против голема инвестициска измама што вклучува употреба на криптовалути. Акцијата беше спроведена на 8 и 9 ноември во Албанија, Бугарија, Грузија, Северна Македонија и Украина. На барање на Истражен судија од Основниот суд на Бамберг, за потребите на предмет оформен во … Повеќе

Наредба за истрага за Mакедонец кој организирал продажба на дрога во Австралија

Во текот на вчерашниот ден под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во Струга беше спроведена акција во која едно лице е лишено од слобода. Акцијата е резултат на меѓународна соработка со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија. Денеска предметниот јавен обвинител постапувајќи … Повеќе

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија го одбележува Европскиот ден на правдата

Работниот договор за соработка со Европското јавно обвинителство што беше потпишан вчера е најдобар доказ за посветеноста со која Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се стреми кон достигнување на европските стандарди во работењето, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, честитајќи го 25 октомври – Европскиот ден на правдата. “За Јавното обвинителство … Повеќе

Притвор за осомничен за илегална трговија со хероин од Стојаково

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Стојаково, Општина Богданци, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 6 … Повеќе

Обвинителен акт против висок владин функционер за злоупотреба на службена положба и овластување

По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт. Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и … Повеќе

Четири години и шест месеци затвор за обвинет за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, во Основниот кривичен суд Скопје беше објавена осудителна пресуда за К.С. – командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, … Повеќе

Изречени три пресуди во предметот „Планина“

По поднесен обвинителен акт од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, вчера во Основниот кривичен суд Скопје беа објавени осудителните пресуди за преостанатите тројца обвинети во предметот „Планина“. На обвинетите за кои обвинителството докажа дека сториле кривично дело Неовластено … Повеќе

Наредба за истрага и притвор за четири лица осомничени за Трговија со дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна Министерство за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истрага против четири лица. Лицата, од кои две се српски државјани, се осомничени дека сториле кривично дело „Трговија со дете“ од … Повеќе

Осудителни пресуди за дивите копачи и продавачи на културното наследство во предметот „Ниџе“

Предметот во врска со културното наследство познат во јавноста како „Ниџе“ за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кон крајот на месец септември минатата година отвори истрага против осум лица, денеска во Основниот кривичен суд заврши со пресуда. Имено, откако шестмина обвинети во фаза на оценка на обвинителен акт признаа … Повеќе

Сопственик на угостителски објект обвинет за Трговија со луѓе

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против едно лице кое според опишаните дејствија сторило кривично дело Трговија со луѓе, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во период од месец јули до месец октомври минатата … Повеќе

Три лица под истрага за одгледување на марихуана во с.Карбинци ​

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции … Повеќе

Четворица обвинети за кривично дело Криумчарење признаа вина

Вчера во Основниот кривичен суд – Скопје, во текот на главната расправа во предметот за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во месец март годинава, поднесе Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против едно лице, четворица од обвинетите ја признаа вината, односно дека ги сториле кривичните дела што … Повеќе

Наредба за истрага и Барање за поведување на подготвителна постапка против две лица за криумчарење на 40 мигранти

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно дваесет и четиригодишно лице и Барање за поведување на подготвителна постапка против шестнаесетгодишно дете во судир со законот. Постои основано сомневање дека … Повеќе

Под истрага шест лица за Трговија со луѓе

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по преземените предистражни дејствија, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Четворица од осомничените заедно, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело Трговија со луѓе од член 418-а, а останатите … Повеќе

Обвинение против три лица за злоупотреба на европски пари

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против три лица кои злоупотребиле средства на Европската заедница. Првообвинетата во периодот од 2018 до 2020 година, како одговорно лице – директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со намера … Повеќе

Донесена наредба за истрага против три лица за кривично дело Трговија со дете

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Со преземените дејствија постои основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело – „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик. ​Во текот … Повеќе

Се запленува имот во предметот „Империја“

Во рамките на истражната постапка во предметот „Империја“ предметниот обвинител во текот на вчерашниот и денешниот ден ценејќи дека се исполнети законските претпоставки од чл.202 ст.1 од ЗКП, за привремено одземање на имотот, до Основниот кривичен суд Скопје достави шест барања за определување на привремена мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот. Барањата … Повеќе