Изјава на јавните обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски

Изјава на јавните обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски

Сите наводи во кривичната пријава поднесена од Државното правобранителство, а која се однесува на постапката за конфискација на имотот во предметот „Труст“ целосно ги отфрламе како невистинити. Во предметот „Труст“, во кој постапувавме како надлежни јавни обвинители, ги презедовме сите мерки и активности во наша надлежност. Задача на обвинителството е да ја лоцира имотната корист, … Повеќе

Тројца осомничени за убиство на ракометарот на РК „Бутел“

По добиеното известување од Министерството за внатрешни работи за случен кривично правен настан со смртни последици, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, со цел да се испитаат сите околности во насока на расчистување на настанот издаде низа наредби и тоа: Наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за обезбедување на видео записи … Повеќе

Истрага против висок владин функционер и двајца хрватски државјани

​Предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на РСМ. Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело … Повеќе

Наредба за истражна постапка против четири лица за дел од Проектот „Скопје 2014“

По сеопфатна предистражна постапка, денес јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот … Повеќе

Истрага против градоначалник на општина и четири други лица

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Со дејствијата опишани во наредбата, првоосомничениот – градоначалник на општина и третоосомничениот – надзорен орган во општината, како соизвршители сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување при јавни … Повеќе

Истрага против три лица за злоупотреби при набавка на ендоскоп

По спроведена предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Врз основа на досегашните прибрани материјални и вербални докази постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 вв … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против едно лице од предметот „Планина“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денешниот ден до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против Е.З. обвинет во предметот познат во јавноста како „Планина“. Обвинетиот од 27 март минатата година до 24 февруари годинава беше недостапен на органите на прогонот. Со дејствијата … Повеќе

Обвинение за осуммината диви копачи и трговци со македонско културно наследство

Во периодот од месец 21. 05.2020 година до 30.09.2021 година обвинетите Д.Р. и К.Т. создале група со цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, а како припадници на групата станале обвинетите Б.К, Н.Л., З.Т., С.К., П.М. и Ѓ.П. за чие извршување групата станала … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против едно лице

По спроведената истражна постапка,  надлежниот  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против едно лице, додека за едно лице истрагата е запрена. Истрагата беше отворена кон крајот на месец декември минатата година по поднесена кривична … Повеќе

Наредба за  истрага за трговец со луѓе кој подведувал девојки на проституција

Во текот на вчерашниот ден надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од гостиварско, за сторено кривично дело кривично дело – Трговија со луѓе, предвидено и казниво … Повеќе

Мајка и очув осомничени за трговија на деветгодишно момче

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со дете, од член 418-г став 2 … Повеќе

Донација од ЕУ и Совет на Европа за одделението за полициски службеници

Денеска во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Раководителката на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Лејла Дервишагиќ ја предаде донацијата во техничка опрема наменета за Надворешниот механизам за контрола. Опремата се состои од 8 лаптопи, 3 принтери, 3 скенери и 1 мулти-функционален уред … Повеќе

Средба на јавната обвинителка г-ѓа Русковска со францускиот амбасадор во РСМ НЕ Сирил Бoмгартнер и г-ѓа Фредерик Дибост – судија за врска

Основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција г-ѓа Вилма Русковска денес оствари работен ручек со Амбасадорот на Р.Франција во РС Македонија НЕ Сирил Бoмгартнер и Судијата за врска со седиште во Белград г-ѓа Фредерик Дибост која неодамна стапи на оваа функција. На работниот ручек што беше во знак на запознавање, стана збор … Повеќе

Истражна постапка против десетмина членови на меѓународна криминална група за нелегална трговија со дрога

Во текот на ноќта по насоки на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, службеници од Министерството за внатрешни работи, спроведоа координирана полициска акција на повеќе локации на подрачјето на Скопје. Со акцијата во која десет лица се лишени од слобода, е сузбиена меѓународна криминална група чии членови … Повеќе

Координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и органите на прогон на Белгија и Холандија

Постапувајќи по барање за меѓународна правна помош под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од раните утрински часови се спроведуваше кооординирана акција на шест локации на територијата на Скопје при што се лишени од слобода две лица. Во исто време се спроведени и акции во … Повеќе

Пресечен меѓународен канал за трговија со прекурсори

Во текот на вчерашниот ден, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција е спроведена акција во која полициските службеници од Министерството за внатрешни работи запленија 40 пакувања хемиска материја во вкупна тежина од 1105 килограми. Во акцијата се лишени од слобода две лица како дел од … Повеќе

Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2021

Годишен извештај на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2021 година 

Наредба за истрага за три лица – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори​

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 став 3 … Повеќе

Обвинителен акт против три лица за Трговија со дете, Родосквернавење ​и Силување

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија … Повеќе

Обвинителството бара притвор за Мијалков

По денешната одлука на Апелациониот суд Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд Скопје  поднесе Предлог за определување на мерката притвор за Сашо Мијалков, обвинет за помагање при кривично дело … Повеќе