Вишото јавно обвинителство Скопје побара да се одбијат како неосновани жалбите поднесени од обвинетите во предметот Транспортер, а делумно да се уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Вишото јавно обвинителство Скопје побара да се одбијат како неосновани жалбите поднесени од обвинетите во предметот Транспортер, а делумно да се уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

По донесување на Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот во јавноста познат како „Транспортер“, поднесени се жалби од обвинетите и нивните бранители по сите жалбени основи. Тие бараат првостепената пресуда да се укине и предметот да се врати на повторно разгледување и одлучување. Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје по извршениот увид … Повеќе

Едно лице под истрага на Основното јавно обвинителство Скопје заради поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на возраст од 35 години, затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 31 август … Повеќе

Државниот обвинител во посета на Касациониот суд во Турција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија во следните неколку дена ќе учествува на отворање на Судската година во Република Турција. Традиционалната прослава на која по покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча учествува делегацијата од македонското обвинителство  се одржува повеќе од 150 години во Турција, годинава е во знак на отворање на нови простории … Повеќе

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за случена сообраќајна незгода на 28.07.2021 година, околу 13,00 часот, на бул.Трета Македонска Ударна Бригада во Куманово, во  која патничко моторно возило Форд Фиеста удри во пешаци при што едно лице го загуби животот, а две лица се со здобиени телесни повреди. За време на увидот на самото место, … Повеќе

Поведена постапка за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице на возраст од 31 година, жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомниениот на 27 јули 2021 година со употреба на сила и закана дека непосредно … Повеќе

Поднесено обвинение заради неовластено држење оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 39 – годишен скопјанец поради сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес на 9 јули 2021 година, во домот на … Повеќе

Поведена постапка заради тешки дела против безбедноста во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против скопјанец на возраст од 27 години за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот  во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 24 јули 2021 година, … Повеќе

Битолското обвинителство побара притвор заради разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка со донесување на Наредба за спроведување истражна постапка против 22 – годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 20 јули 2021 година, околу 13.30 часот во Битола, на улица пресретнал жена … Повеќе

Промоција на Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023

Денеска беше одржана промоција на Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023, на која свое обраќање имаа јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на … Повеќе

Обвинение за тренерот по џудо заради полови дејствија врз деца

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело  по  член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска … Повеќе

Притвор заради разбојништво врз мигранти

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 21 година, државјанин на Пакистан поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска  со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18.07.2021 година, околу пладне, во планинскиот предел на м.в „Под камен“, во атар на с. Лојане, општина Липково, … Повеќе

Поведена постапка за недозволено поседување на оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец, за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Kривичниот законик. При извршен петрес во помошните простории на домот во која живее осомничениот, на 2 јули 2021 година, овластени … Повеќе

Притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 69-годишен жител на село Доброште поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен преглед на обвинетиот и неговото возило на регионалниот … Повеќе

Предлог за издавање казнен налог за гостварец кој ги повредил семејните обврски

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против лице на возраст од 53 години, за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот во неутврден временски период со груба повреда на законските обврски, намерно навремено … Повеќе

Обвинение за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 49-годишен гостиварец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес од страна на овластени службени лица, на 30 јуни 2021 година кај наплатната рампа Глумово, кај … Повеќе

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен гостиварец за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна во висина од 100 дневни глоби, за лицето кое на 25 … Повеќе

Поведена постапка за полов напад врз дете и дистрибуција на детска порнографија

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а … Повеќе

Работна средба со Генералниот обвинител на Руската Федерација

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески оствари средба со Генералниот обвинител на Руската Федерација Игор Краснов. ​ Во рамки на досегашната успешна соработка помеѓу двете обвинителства, на средбата беше потенцирана заедничката заложба за размена на искуства во борбата против организираниот , транснационалниот и компјутерскиот криминал, како и заштитата на човековите права. Јовески и … Повеќе

Притвор за дилер од Тетово

Основното јавно обвинитетслво Тетово поведе истражна постапка и до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против 33-годишен жител на с. Доброште, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај … Повеќе