Основното јавно обвинителство Скопје води постапка против едно лице кое при вршење семејно насилство се обидел од живот да ја лиши сопругата

Основното јавно обвинителство Скопје води постапка против едно лице кое при вршење семејно насилство се обидел од живот да ја лиши сопругата

Јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за  четириесет и четири годишен скопјанец за сторено кривично дело Убиство (во обид). Осомничениот во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок било и едно од … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Скопје води постапка против едно лице кое при вршење семејно насилство се обидел од живот да ја лиши сопругата

Отворена постапка против три лица за убиството на 26-годишен охриѓанец

Основното јавно обвинителство – Охрид отвори постапка против три лица, осомничени за вчерашниот настан во кој животот го загуби 26-годишен жител на Охрид. За трите лица, државјани на Р. Србија, од страна на надлежен обвинител е побарано одредување мерка притвор. Судија на претходна постапка за трите лица определи притвор во времетраење од 30 дена. Еден … ПовеќеОтворена постапка против три лица за убиството на 26-годишен охриѓанец

Истрага за даночно затајување од околу 44 милиони денари

Основното јавно обвинителство – Скопје по добиеното известување од Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција оформи предмет ​за извршено кривично дело – Даночно затајување од член 279 ст.2 вв со ст.1 вв со член 45 од Кривичниот законик. Според добиеното известување во периодот од 2010-2015 година лицето Ф.С. од Скопје, како сопственик и … ПовеќеИстрага за даночно затајување од околу 44 милиони денари

Побаран притвор за негувателката осомничена за малтретирање старица

Основното јавно обвинителство – Скопје до наделжен суд поднесе Предлог за определување мерка притвор за негувателката родена 1951 година, за која постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. Осомничената се товари за повредите нанесени на изнемоштена 84-годишна старица која и била доверена … ПовеќеПобаран притвор за негувателката осомничена за малтретирање старица

Основното јавно обвинителство – Скопје започна постапка против 19 лица за кривични дела поврзани со незаконски активности во Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во координирана акција на Основното јавно обвинителство – Скопје и Управата за финансиска полиција од слобода се лишени 19 лица кои денес се изведени пред судија на претходна постапка. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе: – Предлог за определување на мерка – Притвор за две … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје започна постапка против 19 лица за кривични дела поврзани со незаконски активности во Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје

Откриена е тајната работилница за фалсификување лични карти

Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи во предметот за фалсификуваните лични карти, кои беа предадени од страна на новинарот на Фокус, Љубиша Арсиќ на Министерот за внатрешни работи, презеде низа мерки и активности за расветлување на настанот. Во вршење на истражни дејствија, во тек на вчерашниот ден, успешно е спроведена акција по наредба на јавен обвинител, … ПовеќеОткриена е тајната работилница за фалсификување лични карти

Истрагата ги расветли причините за пожарот во фабриката за пиротехника во Сопиште

Директна изложеност на пламен од запалка е утврдената причина за пожарот во фабриката за пиротехника „ИЦЕ-МАК“ ДОО од Сопиште на 24.07.2014 година, во кој животот го загубија три лица. Ова го покажа истрагата спроведена од Основното јавно обвинителство – Скопје. По наредба на обвинител, извршена е реконструкција на дел од производниот процес и експериментална потврда … ПовеќеИстрагата ги расветли причините за пожарот во фабриката за пиротехника во Сопиште

Основното јавно обвинителство – Скопје достави Предлог за задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на мајката од Хиподром

Основното јавно обвинителство – Скопје оформи предмет по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје,  во врска со кривично  – правниот настан кога мајката го фрли својот шестгодишен син од четврти кат од зграда во населбата Хиподром. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, согледувајќи ги наодите од психијатриското … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје достави Предлог за задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на мајката од Хиподром

Основното јавно обвинителство – Струга поведе постапка за престрелката на локалниот пат Струга – Долна Белица

По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи- СВР Струга во врска со престрелката на две групи, Основното јавно обвинителство – Струга донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Лицата се товарат за сторени кривични дела – Убиство од чл.123  и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Струга поведе постапка за престрелката на локалниот пат Струга – Долна Белица

Основното јавно обвинителство Струга ја истражува престрелката во која животот го загуби едно лице, а две се повредени

Основното јавно обвинителство Струга изврши увид на лице место за настанот кој се случи вчера околу 22.00 часот, на локалниот пат Струга – Долна Белица.  Во меѓусебна престрелка меѓу две групи, едно лице го загуби животот, а двајца се повредени. Еден од повредените се наоѓа на лекување во струшката болница, додека пак другото поради тежината … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Струга ја истражува престрелката во која животот го загуби едно лице, а две се повредени

Основното јавно обвинителство – Скопје постапува во предметот за наводно фалсификуваните лични карти

Основното јавно обвинителство – Скопје како стварно и месно надлежно обвинителство согласно законската регулатива, оформи предмет за настанот со наводно фалсификувани лични карти. Во тек е предистражна постапка во која досега е прибавена релевантна писмена документација и потребни податоци. Во тек е спроведување на истражни дејствија, за кои во моментов не сме во можност да … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје постапува во предметот за наводно фалсификуваните лични карти

Јавното обвинителство на Република Македонија потпиша Спогодба за соработка со Генералното обвинителство на Руската Федерација

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски вчера во Москва се сретна со Генералниот обвинител на Руската Федерација Јуриј Чајка, со кого потпиша Спогодба за соработка помеѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Генералното обвинителство на Руската Федерација. Документот предвидува можност за соработка од различен формат во повеќе области од надлежност на обвинителствата, а пред … ПовеќеЈавното обвинителство на Република Македонија потпиша Спогодба за соработка со Генералното обвинителство на Руската Федерација

СООПШТЕНИЕ

Јавното обвинителство на Република Македонија Ве известува дека Основното јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и другите обвинителства денеска ги предадоа побараните предмети од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Воедно, постапувајќи согласно … ПовеќеСООПШТЕНИЕ

Отворен Медиа информативно-едукативен центар во Јавното обвинителство на Република Македонија

Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), со финансиска поддршка од Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, денеска отвори Медиа информативно-едукативен центар во просториите на обвинителството. Во Центарот, Службата за односи со јавноста ќе спроведува обуки за обвинителите и јавнообвинителските службеници од сферата на односите со јавност, професионалната етика, тимската работа, како и повеќе стручни … ПовеќеОтворен Медиа информативно-едукативен центар во Јавното обвинителство на Република Македонија

Постигната спогодба за казна затвор во траење од 15 години

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес постигна спогодба со обвинетиот Е.И. за кривичното дело – Разбојништво од член 237 ст.4 вв ст.1 вв член 19 ст.1 од Кривичниот законик да му се изрече казна затвор во траење од 10 години и шест месеци, за кривичното дело – Предизвикување на општа опасност од … ПовеќеПостигната спогодба за казна затвор во траење од 15 години

СООПШТЕНИЕ

Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со барањето од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, за доставување на статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства во Република Македонија, а кои се однесуваат на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, достави детален статистички преглед, како и податоци за сите преземени дејствија:

ПовеќеСООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против поранешен градоначалник за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување

По завршување на истражната постапка и прибирање на сите потребни докази во предметот, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид  во Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен акт против лицето А.П. за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против поранешен градоначалник за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување

СООПШТЕНИЕ

Во Јавното обвинителство на Република Македонија вчера во попладневните часови, пристигнa барање од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, за доставување на статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства, а кои се однесуваат на гореспомнатите кривични дела. Бараната статистика се … ПовеќеСООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага за пукањето на Клиниката за абдоминална хирургија

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истрага за две лица кои учествувале во вчерашниот инцидент на Клиниката за абдоминална хирургија во Скопје. Лицата се под истрага за неколку кривични дела: Убиство од чл. 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик, Недозволено изработување, држење и тргување со оружје … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага за пукањето на Клиниката за абдоминална хирургија

Основното јавно обвинителство – Струмица работи на расветлување на случајот со пронајденото тело во Радовиш

По претходна пријава од дежурната служба на СВР Струмица, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица вчера попладне изврши увид во куќа во Радовиш во која е пронајдено безживотно тело на 26 годишен маж. По Наредба на јавниот обвинител повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Струмица работи на расветлување на случајот со пронајденото тело во Радовиш