Односи со Јавноста

Уапсен дилер од Куманово, нападнал и полициски службеник

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 … Повеќе

Предложен притвор за извршителка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе постапка против извршителка за која постои основано сомнение дека во стек ги сторила кривичните дела – Спречување на службено лице во вршење  службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска … Повеќе

Извршен увид во скопска Железара, пронајдено безживотно тело

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги … Повеќе

Продавал дрога на малолетници, едно лице осомничено во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот продавал наркотична дрога – марихуана на зависници во Битола, при … Повеќе

Коцевски со претставниците на ЕУ Проектот за јакнење на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски ги прими претставниците на Проектот „ЕУ поддршка за јакнење на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST), предводени од Ерик Винкен, проект –менаџер од холандскиот Центар за меѓународна правна соработка (CILC). Винкен, заедно со меѓународниот обвинителски советник од Словенија Аленка Ранзингер Сагмајстер, … Повеќе

Претставници на Јавното обвинителство и на ДКСК на работна средба за следењето на изборниот процес

Со цел ефикасна координација меѓу двете институции при следење на претстојниот изборен процес, претседателот на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами и претставници на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вчера одржаа прв работен состанок со претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) … Повеќе

Поднесено обвинение за несовесно работење на градоначалник

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно … Повеќе

Презентирани досегашните резултати од Проектот на Европравда за кривична правда во Западен Балкан

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска се обрати на настан  за промоција на Проектот за кривична правда во Западен Балкан преку кој Европравда овозможува оперативната поддршка за прекуграничната соработка на земјите во регионот при истражувањето на кривични дела. „Сторителите на кривични дела лесно ги прошируваат и префрлаат своите дејствија од една во друга држава … Повеќе

Откриен еден од подметнувачите на пожар во кафе бар во Охрид, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување  истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште … Повеќе

Поведени истраги против дилери на хероин во Скопје и Велес

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, на 15 март полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 … Повеќе

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше акција во која е сузбиена организирана криминална група која во периодот од август до ноември 2023 година извршувала кривично дело криумчарење мигранти. Извршени се … Повеќе

Тројца мажи осомничени за насилство спрема две жени во виничко

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди. Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон … Повеќе

Средба меѓу Јавното обвинителство и ДКСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители денеска оствари средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на која беа разгледани можностите за подобрување на соработката меѓу двете институции. Притоа, претставниците на Јавното обвинителство и на ДКСК се договорија да го разгледаат и да … Повеќе

Коцевски на средба со Декер

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Роберт Декер со кого разговараше за приоритетите и предизвиците во работата на јавните обвинителства. Коцевски особено се осврна на процесот на дигитализација и подготовка на новиот систем за управување со предметите во Јавното обвинителство, како … Повеќе

ГРЕКО задоволни од исполнетоста на препораките кои се однесуваат на Јавното обвинителство

Министерството за правда денеска го објави Вториот аденум на Вториот извештај за усогласеност на Република Северна Македонија од Четвртиот круг на евалуација на тема – Спречување на корупција кај пратениците, судии и обвинителите усвоен од Групата на држави против корупција (ГРЕКО). Во најновиот извештај на ГРЕКО за нашата земја е констатира дека земјава задоволително ги … Повеќе

Напад врз полициски службеници во Битола, уапсено едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 10 март, на крстосница меѓу … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за силување на малолетничка во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во … Повеќе

Извршен увид по пожар во угостителски објект во Охрид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар. Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи. Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со … Повеќе

Петмина осомничени за фалсификување пари во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело –  Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото. Осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива … Повеќе