Односи со Јавноста

Предложен притвор за давање поткуп на Блаце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик. Вчера на граничниот премин Долно Блаце, осомничениот му дал 50 евра … Повеќе

Американската амбасадорка Агелер на средба со Јавниот обвинител на РСМ Коцевски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, со која меѓу другото дискутираше за состојбите во Јавното обвинителство, но и за предизвиците со кои се соочува институцијата, најмногу од аспект на материјалните и кадровските ресурси. Коцевски се заблагодари за поддршката која САД ја даваат … Повеќе

Средба Коцевски-Вал

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје, со кого разговараше за сите аспекти на меѓусебната соработка, пред се опфатени со Меморандумот за разбирање за заеднички проектни активности на Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ. Амбасадорот Вал му честиташе на јавниот обвинител … Повеќе

Истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата „Охридска“ во Битола и со … Повеќе

Коцевски на меѓународна конференција во Тирана: „Јакнење на отчетноста – Зајакнување на напорите во борбата против корупцијата“

„Прашањето на независноста на обвинителството е нераскинливо поврзано со прашањето за интегритетот. И тука мислам не само на индивидуалниот интегритет на јавните обвинители, туку и на институционалниот, колективен интегритет на обвинителството како целина“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски кој денеска во Тирана се обрати на меѓународната конференција „Јакнење на отчетноста – … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана од Тетово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 18-годишник на улицата „180“ во Тетово, полицијата … Повеќе

Притвор за осомничен за предизвикување општа опасност во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски за ТОП ТЕМА на ТВ Телма

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, во своето прво телевизиско интервју по стапувањето на функцијата, зборуваше за состојбите во Јавното обвинителство, ефектите од измените на Кривичниот законик врз постапувањето по предметите, како и за конкретни предмети во надлежност на јавните обвинителства. Целосното интервју за емисијата ТОП ТЕМА на Телевизија Телма, во видеото подолу:

Наредба за истрага против десет лица по вчерашната акција „Чибук“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денес (3.3.2024 година) од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица. На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, … Повеќе

Постапка за напад врз медицинска сестра во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од член 304-г став 2 во врска со став 1 од Законот за здравствена заштита. Осомничениот на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на … Повеќе

Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиство на дете во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 15-годишник од прилепското село Сенокос поради постоење на основано сомнение да извршил дејствие што со закон е предвидено како кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.7 од Кривичниот законик. Во влезот од зграда лоцирана на ул.„Кузман Јосифоски“ … Повеќе

Средба Коцевски-Гир

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски на денешната средба со Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава се заблагодари за поддршката која Европската унија ја дава за јавното обвинителство и правосудството во нашата земја. Тој ги презентираше тековните состојби во Јавното обвинителство и приоритетите од програмата за … Повеќе

Новоназначениот обвинител за следење на предметите во ОЈО Скопје поврзани со безбедност на новинарите на регионална конференција во Белград

На регионалната конференција „Нова борбена линија: Соработка за унапредување на безбедноста на новинарите во Југоисточна Европа“, што се одржува денеска во Белград, во организација на ОБСЕ и под покровителство на Европската унија, учествува јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје Дејан Петрески. Петрески, кој од неодамна е назначен за јавен обвинител задолжен да ги следи … Повеќе

Коцевски го посети Истражниот центар на ОЈО Скопје

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се запозна со резултатите од работата и организацијата на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Скопје во кој во моментов работат вкупно 17 истражители специјализирани за истражување на различни видови криминал. Истражниот центар прераснува во своевидно јадро на обвинителството и бројот на предмети во кои постапувале … Повеќе

Се проверува евентуална поврзаност на два кривично-правни настани во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки … Повеќе

Обвинение за труење кучиња во Неготино

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. … Повеќе

Коцевски: Здружението на јавните обвинители – активен партнер во реализација на приоритетите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на Годишното собрание на Здружението на јавните обвинители, и изрази поддршка за работата на оваа организација во која членуваат јавни обвинители и стручни јавнообвинителски службеници. „Највисоко на мојата агенда ќе ги поставам гаранциите за вашата независност и самостојност во постапувањето. Ќе барам резултати, но … Повеќе

Коцевски одржа работна средба со раководителите на основните и вишите јавни обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа работна средба со шефовите на сите основни и виши јавни обвинителства, на кои им ги презентираше приоритетите од програмата за својот шестгодишен мандат. Со особен акцент на транспарентноста и отчетноста, како основ за јакнење на самостојноста на јавните обвинители во постапувањето и за враќање на … Повеќе

Опожарен автомобил на јавен обвинител

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. Според првичните сознанија, за сега непознати сторители … Повеќе

Истрага за двојно убиство и обид за убиство во кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство. Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата … Повеќе