Односи со Јавноста

Обвинение за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 46–годишен скопјанец кој со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело– Запуштање и малтретирање на дете  од член 201 став 1 во врска со член 45 од од Кривичниот законик. Обвинетиот – чичко на оштетените две деца, на 28 јуни 2020 … Повеќе

Средба на Јовески со тим од Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се сретна со проектниот тим со седиште во Република Северна Македонија на Проектот за борба против сериозен криминал во Западниот Балкан – ИПА 2019. На средбата стана збор за можностите за идна соработка. На Јовески му беа презентирани новините во актуелната проектна фаза (7.2020-6.2023), вклучувајќи ги и … Повеќе

Поведена истрага за недозволено поседување хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Имено, 39-годишната осомничена, во домот во кој престојувала на улица „Никола Тесла“ во Скопје, неовластено заради продажба држела … Повеќе

Поднесено обвинение за нанесени телесни повреди при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено продолжено кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и вo врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 40-годишник од Тетово со престојувалиште во Скопје, во временскиот период од 30 август до 1 … Повеќе

Поведена постапка за силување во Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, поради постоење на основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело – Силување од член 186 од Кривичниот законик. Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На  17.9.2020 околу 22.00 … Повеќе

Извршен увид за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило Опел Корса со скопски регистарски таблички излетало од патот. Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство. Во  близина на село Прждево, … Повеќе

Скопјанец под истрага за пронајдени оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради основано сомнение дека сторил кривични дела – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1, како и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став … Повеќе

Двајца прилепчани обвинети за тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите, на возраст од 34 и 25 години, инаку жители на Прилеп, на 2 септември заеднички провалиле во стан на улица „Манапо“ во Скопје, … Повеќе

Донесена резолуција во предметот во јавноста познат како „Теретана“

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес-центар во Скопје се користеле спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19. Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби … Повеќе

ОЈО Скопје вложи жалба на условната осуда во предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд Скопје денеска вложи жалба на изречената првостепена пресуда на Основниот кривичен суд Скопје од 04.09.2020 година со која обвинетиот беше огласен за виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став … Повеќе

Тетовското обвинителство поведе постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 34-годишно лице поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Наркотичната дрога марихуана, со количина од 45 грама, кај осомничениот била пронајдена на 15.9.2020 година, при … Повеќе

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање. Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно … Повеќе

Скопјанец осомничен за две разбојништва

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 38-годишен скопјанец, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи … Повеќе

Притвор за дилери на дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица, жители на гостиварски села на возраст од 32, 24, 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот … Повеќе

Велешанец под истрага за недозволена трговија со хероин

Oсновното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 24-годишна возраст од Велес за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – … Повеќе

Притвор за извршено разбојништво во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 9.9.2020 година околу 18,45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил  златниот ланец што го носела околу вратот и … Повеќе

Побаран притвор за гостиварецот осомничен за убиство на својата сопруга

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 67-годишен гостиварец, на 9 септември, при вршење семејно насилство, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот … Повеќе

Петмина осомничени за грабнување кај наплатната рампа Глумово

Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, … Повеќе

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 10 септември, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи, … Повеќе

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 19.02.2020 година, влегол во супермаркет на ул. „11-ти Октомври“ и со … Повеќе