Односи со Јавноста

Обвинети се 19 лица за непостапување според здравствените прописи во Струмица

Обвинетите во периодот од 1 до 4 април, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од … Повеќе

Обвинети пет лица во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Четворица од обвинетите на 25 април 2020 година, не ги почитувале мерките со кои се … Повеќе

Скопјанец обвинет за лабораторија за марихуана во Булачани

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 2 март, на автобуска станица во населбата … Повеќе

Поведена постапка против 34 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 34 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на … Повеќе

Поведена истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена дрога и психотропни супстанции

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 25 април бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и … Повеќе

Истрага за недозволена трговија со марихуана во Скопје

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 23-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал, држел наркотична дрога марихуана во вкупна нето количина од 486,04 … Повеќе

Деветмина обвинети за непочитување на здравствените прописи во Струга

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Осуммина од обвинетите не ја почитувале Одлуката за задолжителен државен карантин. Имено, тие со хуманитарни летови организирани од … Повеќе

Штипското обвинителство поведе постапка за уште три лица кои не ги почитувале здравствените прописи

Обвинетите, членови на едно семејство од с. Лакавица, штипско,  не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие со возило се  движеле низ Штип во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на … Повеќе

Двајца тетовчани обвинети за прекршување на полицискиот час

Обвинетите во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле со возила низ Тетово. Заради стореното кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози и на … Повеќе

Во Берово тројца обвинети

На 19.04.2020 година за време на забраната за движење, обвинетите ги напуштиле своите домови во с.Будинарци и сите пеш се упатиле во дворот од куќата на нивен сожител, каде сите заедно со домаќините седеле и се дружеле по повод верскиот празник Велигден. Околу 19:00 часот меѓу нив настанало нарушување на јавниот ред и мир со … Повеќе

Тројца обвинети во Велес

Основното јавно обвинителство Велес денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против 3 лица  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 14.04.2020 година го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката на Владата … Повеќе

Во Куманово обвинети се тројца за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1000 евра во денарска потиввредност,  за три лица, жители на Куманово, кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и … Повеќе

Обвинителството во Кавадарци предложи парични казни за 28 лица

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 обвинети во Основниот суд Кавадарци и за 11 обвинети во Основниот суд Неготино, за лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите … Повеќе

Побарана парична казна за непочитување на полицискиот час во Ресен

Основното јавно обвинителство Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата не ја почитувала Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република … Повеќе

Штипското обвинителство поведе постапка за 16 лица кои не ги почитувале здравствените прописи

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата. Со овие дејствија сите обвинети … Повеќе

Побарани парични казни заради прекршувања на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за определување казнени налози против осум лица, кои ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, биле затекнати надвор од своите домови за време на полицискиот час. На тој начин тие го сториле кривичното дело … Повеќе

Битолското обвинителство предложи парични казни за две лица

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на … Повеќе

Во Штип предложени парични казни за шест лица

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на шест лица да им изрече парични казни во износ од по 50 … Повеќе

Гостиварското обвинителство поведе постапка за четири лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за 4 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело  – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на … Повеќе

Три лица обвинети во Ресен

Обвинителството во  Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица од Ресен за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 17.04.2020 година, вo 18:10 часот, во Ресен, за време на пандемија прогласена од страна на Светската здравствена организација поради … Повеќе