Односи со Јавноста

Казнен налог заради непочитување на здравствените прописи

Обвинетиот кој требало да биде во задолжителна самоизолација согласно донесените мерки за сузбивање на заразната болест –  COVID 19, на 26 март во 22:00 не го почитувал ниту полицискиот час, па се движел со возило низ Гостивар. Поради стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 … Повеќе

Парична казна заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице, жител на с. Ливада, струшко,  кое  не ги почитувало Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движел … Повеќе

Управувале возила за време на полицискиот час во Радовиш

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе Предлог за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. На 24 – 25.03.2020 година, во периодот од 21 часот до 00:30 часот, за време на епидемија – пандемија на опасната … Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Јовески се сретна со рускиот амбасадор Баздникин

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески оствари средба со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во земјава. На средбата беше истакната заложбата за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата и меѓународниот организиран криминал. Јавниот обвинител Јовески ја презентираше структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното … Повеќе

Побарани казни заради непочитување на полицискиот час во Битола

Oсновното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест предизвикана од коронавирусот … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во Скопје

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 29 години, кое се товари за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16.11.2019 година, влегол во семејна куќа во населбата Лисиче преку незаклучена врата. Внатре … Повеќе

Постапки за три непочитувања на полицискиот час во Ресен

Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица заради кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест предизвикана од коронавирусот … Повеќе

Во Гостивар предложени се казнени налози за четворица

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што јавен обвинител на судот му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од … Повеќе

Две лица од Дебар не постапиле согласно забраната за движење

Основното јавно обвинителство Дебар денеска поднесе Предлог за издавање казнени налози против две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 10 до  … Повеќе

Поднесен предлог за казнен налог против скопјанец заради непочитување на здравствените прописи

Jавен  обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 17 март се вратил во земјава по престој во Словенија, како ризична земја за ширење на коронавирусот … Повеќе

Побарана казна заради непочитување на самоизолација во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице од Пробиштип со престојувалиште во Скопје, кое сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. По престој во Австрија, како земја со среден ризик за ширење на коронавирусот COVID-19, … Повеќе

Казнени налози за три лица од Свети Николе

Еден од обвинетите, при прогласена епидемија на опасната заразна болест „COVID 19“, не постапил според Одлуката на 26-та седница на Владата на Република Северна Македонија, со која се воведува забрана на движење во временскиот период од 21.00 часот до 05.00 часот која стапи во сила  на 23.03.2020 година, а со цел спречување на ширење на … Повеќе

Казнени налози за прекршувања на забраната за движење во Радовиш

Основното јавно обвинителство Радовиш денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против четири лица.Обвинетите​ во три одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови помеѓу … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува активно да постапува во предметот со поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје. Заради правилно информирање на јавноста, Основното јавно обвинителство Скопје известува дека на 19 март од страна на СВР Скопје беше поднесено писмено известување кое се однесува на поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за … Повеќе

Гевгелиското обвинителство побара парични казни за девет лица

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе  предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Чертворица од нив, допатувале на 18 март во Република Северна Македонија од  Р.Грција, Р.Турција и Р.Бугарија како земји со среден … Повеќе

Три лица од Радовиш со казнен налог за Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе Предлози за издавање казнен налог против три лица обвинети дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, двајца од обвинетите спротивно на Одлуката на Влада на Р.С.Македонија за забрана и посебен … Повеќе

Поднесен предлог за издавање казнен налог за беровец

Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кој предложи на судот, на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја во … Повеќе

Казнен налог за три лица од Дебар

Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по три кривични пријави против три полнолнетни сторители до надлежниот суд во Дебар поднесе Предлог за издавање казнен налог против обвинетите. Во одделни кривично правни настани со своите дејствија обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206  став 1 од Кривичниот … Повеќе

Петмина го прекршиле полицискиот час во Скопје, побарани казни

Против пет лица од Скопје Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети ја прекршиле Одлуката со која се забранува движењето на населението во Република Северна Македонија, при што … Повеќе

Парични казни за петмина светиниколчани

Основното јавно обвинителство – Свети Николе до надлежниот основен суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против пет лица кои во изминатиот период при прогласена епидемија на опасната заразна болест „COVID 19“, не постапиле по определените мерки за нејзино сузбивање или спречување. Во одделни кривично правни настани со своите дејствија сториле кривично дело „Непостапување според … Повеќе