Соопштенија

Скопјанец обвинет за предизвикување општа опасност со пукање од автоматски пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1, како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија. Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. … Повеќе

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 19-годишен државјанин на Република Турција, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 25.12.2020 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, пред овластени службени лица употребил лажна јавна исправа … Повеќе

Петмина осомничени за тешка кражба од банкомат во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничените, четворица македонски државјани и една државјанка … Повеќе

Двајца скопјани обвинети за разбојништво во финансиско друштво

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 27.11.2020 година, обвинетите дошле пред просториите на финансиско друштво на улица „Васил Главинов“. Едниот … Повеќе

Обвинение за предизвикување тешка верижна сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети, на 16.01.2020 година околу … Повеќе

Обвинение за скопјанец во чиј дом беше пронајдена дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес на 16.11.2020 година, во домот на обвинетиот 37-годишник на улица „Народен фронт“, биле пронајдени 943,59 грама марихуана, 4,55 … Повеќе

Двајца жители на гостиварско Здуње осомничени за илегална трговија со марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Во декември 2020 година, првиот осомничен од … Повеќе

Обвинителен акт за шестмина организатори и припадници на група за криумчарење мигранти

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд –Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт обвинетите се товарат дека како организатори и членови на група сториле кривично дело – Организирање на група и поттикнување на … Повеќе

Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10.00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар. Неопходни услови за вршење  на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на … Повеќе

Пронајден починат маж во водите на Вардар во Гостивар, извршен увид

Основното јавно обвинителство Гостивар вчера изврши увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години. Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје. Со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на … Повеќе

Новогодишна честитка од еден осомничен за јавен обвинител

Новата година секогаш можност да се сумираат резултатите и да се оценува досега сработеното, но и да се прават планови за периодот што е пред нас. Во годината што измина Јавното обвинителство постапуваше против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе Oбвинителен акт против седум лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување. По спроведената истражна постапка, предметниот обвинител утврди дека во временскиот период од август 2011 година до декември 2012 година, обвинетите З.Т. како … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против осум „трговци“ со културно наследство

По повеќемесечна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против осум лица. Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, за остварување на точно определени цели, без дозвола од надлежни органи, … Повеќе

Уште еден осомничен за пронајдени дрога и оружје во Сингелиќ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен жител на с.Синѓелиќ, Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 и „Неовластено изработување, држење, … Повеќе

Жителка на Скопје обвинета за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 51-годишна жена која се товари дека го сторила кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 д Кривичниот законик. Обвинетата на 9 декември, на булеварот „Александар Македонски“ неовластено држела пиштол марка „Застава“ со калибар 9мм PARA … Повеќе

Обвинение за дилер на марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште … Повеќе

Предновогодишна средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со шефовите на јавните обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески денеска одржа дигитална предновогодишна средба шефовите на обвинителствата. Од самиот почеток на пандемијата, сменет е  начинот на работа, со минимално присуство и со друг приод на движење на странките во обвинителските простории. „Содржина на јавнообвинителската работа се предизвиците и поради тоа уверен сум дека и со овој предизвик … Повеќе

Брифинг на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска одржа дигитална предновогодишна средба со  новинарите. Јовески посочи дека 2020 е тешка година за сите, а беше исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители бидејќи нивната работа бара постојан  континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе. „Надлежни сме за гонење на криминалот, а … Повеќе

Приведени осум лица за сторено кривично дело „Tерористичка организација“

По повеќемесечна предистражна постапка под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, Одделот за специјални полициски операции и Агенцијата за национална безбедност реализираа … Повеќе