Соопштенија

Обвинителството законски постапи во предметот со сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан во Скопје, по приемот на пресудата ќе биде вложена жалба

По реакциите на оштетената и на јавноста за изречената кривична санкција и донесената пресуда од Основниот кривичен суд Скопје, објавена на 04.09.2020 година, во Јавното обвинителство беше разгледан предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан и беше констатирано следното: По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице на возраст … Повеќе

Притвор за тројца прилепчани кои пренесувале дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против три лица, сите од село Дебреште, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првоосомничениот неовластено заради продажба организирал пренесување, … Повеќе

Прилепчанец осомничен дека одгледувал канабис во дворот на својата викендица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 52 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1  од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. … Повеќе

Поднесено обвинение за измама во службата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 став 3 од Кривичниот законик. Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“ за кој истражната постапка ја водеше Јавното … Повеќе

Скопјанец под истрага за недозволена трговија со хашиш во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 45- годишно лице од Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 септември, на локалниот пат село … Повеќе

Поведена истрага за бесправно градење објект пред ТЦ „Мавровка“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар  „Мавровка“ во … Повеќе

Обвинение за насилството во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, браќа на возраст од 45 и 48 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 18 август 2020 … Повеќе

Обвинение за тетовец кој нападна полициски службеници

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен предлог со предлог за продолжување на мерката притвор против тетовец,  за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 август 2020 година, околу 1.30 часот, во комплексот на манастирот … Повеќе

Поведена постапка за предизвикан пожар во обложувалница во Прилеп

По поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за  спроведување на истражна постапка против прилепчанец на возраст од 26 години, за коj постои основано сомнение дека го сторил  кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на … Повеќе

Тројца кумановци осомничени за „Терористичка организација“ и „Тероризам“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица осомничени дека сториле кривично дело – Терористичка организација од член 394 – а и Тероризам предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик. Осомничените лица се на возраст од 22 … Повеќе

Побаран притвор заради обид за силување на 76-годишна кумановка

Кумановското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против кумановец, на возраст од 38 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело– Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот Законик. Кривично правниот настан се случил на 27.08.2020 година, околу 12,00 часот во Куманово, кога осомничениот со … Повеќе

Притвор за кумановец заради дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 34-годишен кумановец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик. Осомничениот на 27.08.2020 година, во Куманово, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога- марихуана. Тој прeвезувајќи се во возило марка „Фолксваген … Повеќе

Кумановското обвинителство поведе постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот од јануари до август 2020 година, неовластено заради продажба држел … Повеќе

Побарана условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци заради непостапување по здравствени прописи

Дебарското обвинителство со Предлог за издавање казнен налог побара од надлежниот суд на едно лице на возраст од 19 години да му изрече условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци, поради постоење на основано сомнение дека лицето го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 … Повеќе

Истрага за силувањето на три деца во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 43-годишен жител на тетовско село, кој сторил три кривични дела  – Силување од член 186 став 2 во врска со став 5 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот во текот на 2019 и 2020 година, во повеќе наврати со умисла … Повеќе

Поднесено обвинение за 13 лица во предметот кој во јавноста е познат под називот – Моќник

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица и Обвинителен предлог против 10 лица кои биле инволвирани во продажбата на објект во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница. По предметот, во јавноста познат како Моќник, пред неговото превземање од Основното јавно … Повеќе

Обвинение за разбојничка кражба во угостителски објект

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице на возраст од 35 години, жител на Скопје, коe го товари за сторено кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот кривичното дело го извршил на 29 јули,  во угостителски објект на улица „С. Георг – Шнајдерот“, кога затечен во … Повеќе

Отворена истрага за скопјанец кој без дозвола поседувал оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Пронаоѓањето на оружјето следело откако осомниченот бил лишен од слобода од полициски службеници поради нарушување на јавниот ред и … Повеќе

Прилепското обвинителство побара притвор за лице кај кое е пронајдена дрога

По поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп, денеска е поведена постапка против жител на Прилеп, на возраст од 36 години, за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. При извршен претрес во домот на осомничениот во Прилеп,  на … Повеќе

Поведена постапка за разбојништвото во банка во Крушево

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 51-годишен жител на Крушево, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 19.08.2020 година околу 15,00 часот, со намера противправно да присвои туѓи … Повеќе