Соопштенија

Донација на ​Амбасадата на САД за истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција​

Претставници на Амбасадата на САД во Скопје, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и за спроведување на законите (ИНЛ) при Стејт Департментот донираа преносни компјутери на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Донацијата е наменета за потребите на истражниот центар во обвинителството и олеснување на неговата работа на терен во време на пандемијата со КОВИД-19.

Обвинителката Вилма Русковска срдечно заблагодарувајќи сè за донацијата истакна:

– Потребата од нови современи технолошки помагала за спроведување на истражни дејствија е секогаш потребна, особено ако се има предвид дека обвинителството треба да биде неколку чекори пред лицата кои ги гони. Убедена сум дека истражителите и обвинителите максимално ќе го искористат бенефитот од добиената опрема и ефикасно и ефективно ќе ги спроведуваат своите надлежности во прогонот на организираниот криминал и корупцијата.