Соопштенија

Гостиварец под истрага за трговија со марихуана и кокаин

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

На 10 декември полициски службеници се обиделе да извршат личен претрес на осомничениот 22-годишен гостиварец, но тој се дал во бегство. Притоа во дворот на една куќа фрлил машка чанта во која се наоѓале 32 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 36,39 грама и едно пакување кокаин со нето маса од 0,17 грама. Дрогата веднаш била подигната од страна на полициските службеници, додека лицето било лишено од слобода на 17 декември.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.