Соопштенија

Гостиварското обвинителство поведе постапка за две лица кои не постапиле според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за две лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и од Судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

Обвинетите не ја почитувале забраната за движење на населението, односно не го почитувале полицискиот час на 25 мај 2020 година.