Соопштенија

Казнени предлози против девет штипјани кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството со нив достави предлог до Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност .

Обвинетите во одделни кривично правни настани за време на полицискиот час биле затекнати како недозволено се движат на различни локации.​