Соопштенија

Обвинителството во Кавадарци предложи парични казни за 28 лица

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 обвинети во Основниот суд Кавадарци и за 11 обвинети во Основниот суд Неготино, за лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во оддреден временски период, па се движеле пеш низ Кавадарци или Неготино, за време додека во сила бил полицискиот час.

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.