Соопштенија

Одржана консултативната средба со граѓански организации кои имаат активности поврзани со изборите

Привремената Комисија за следење на изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија денеска одржа консултативна средба со граѓанските организации кои имаат активности поврзани со изборните процеси.

DSC00327

Целта на средбата беше да се договори начинот на меѓусебното комуницирање, а во насока на превенирање и постапување по противзаконити дејствија што евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборниот процес на 5 јуни 2016 година.

На состанокот, Комисијата ја промовираше електронската адреса на која граѓанските организации, но и граѓаните воопшто ќе можат да пријавуваат секакви сомненија за сторени кривични дела поврзани со изборите: izbori@jorm.gov.mk

Оваа адреса веќе е во функција, а сите пријави испратени на неа веднаш ќе бидат проследени до Комисијата, која предметите ќе ги упатува на итно постапување кај надлежен јавен обвинител.

Дополнително на ова, Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите информации објавени во медиумите и при евентуални известувања за изборни нерегуларности ќе формира предмети и по допрен глас.

Комисијата за следење на изборни нерегуларности на денешниот состанок од граѓанските организации доби податоци и информации со кои следењето на изборниот процес ќе биде поефикасно.

Јавното обвинителство на Република Македонија проценува дека соработката граѓанските организации е исклучително важна и тоа не само во текот на изборниот процес, туку и при секојдневното постапување.