Соопштенија

Основното јавно обвинителство Штип презема активности за расветлување на тројното убиство во Злетово

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип врши увид на лице место со цел утврдување на фактите, прибирање на докази заради расветлување на тројното убиство во Злетово.  Според првичните сознанија, сторителот на кривичните дела утринава околу 6.30 минути се упатил во семејниот дом на сега починатото лице М.Д  роден 1963 година, каде со огнено оружје го лишил од живот.  Осомничениот потоа се упатил кон семејната куќа на родителите на неговата сопруга, шеесет и три годишните    И.М и Ј.М, по што со автоматска пушка насилно им го одзел животот.

Со намера да ја пронајде и усмрти и неговата сопруга, осомничениот продолжил кон  соседната куќа каде престојувала неговата сопруга  заедно со нејзиниот брат.  Но,  во намерата бил спречен од страна на братот на сопругата, кој ги слушнал предходните истрели. Со физичка пресметка тој успеал на осомничениот  да му го одземе оружјето, по што осомниченото лице се дало во бегство.

Надлежниот јавен обвинител дополнително преку издадена Наредба за обдукција на тројцата починати и натамошни дејствија продолжува со истрагата.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА