Соопштенија

Парични казни за непочитување на забраната за движење за деветмина во Тетово

Основното јавно обвинителство – Тетово по добиените шест кривични пријави во текот на денешниот ден, до Основниот суд – Тетово поднесе предлози за издавање на казнени налози против девет лица.

Лицата на 16.05 и 17.05.2020 година не ја почитувале забраната за движење и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на разни локации низ Тетово. Со своите дејствија обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот деветмината обвинети да ги огласи за виновни и да им изрече парична казна од 100 дневни глоби.