Соопштенија

Побарана парична казна за жител на Чегране

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот од 13 март бил должен да биде во задолжителна домашна самоизолација во траење од 14 дена, но не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест предизвикана од вирусот COVID 19. На 19 март тој излегол од неговиот дом во селото Чегране и се движел низ населеното место, при што бил затекнат од полициски службеници.

Надлежниот јавен обвинител побара од Судот да му определи на обвинетото лице парична казна во износ од 10 до 100  дневни глоби заради непочитување на задолжителните здравствени мерки.