Соопштенија

Поднесено обвинение за обид за разбојништво и силување во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесен Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1  и Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 31 декември 2018 година  кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие најпрвин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да извршат силување и да и го одземат клучот од касата. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на оштетената тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот.

Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство Гостивар, кое го гони за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот тоа делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош.