Соопштенија

Поведена постапка за разбојништво во менувачница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело  -Разбојништво од чл.237 ст. 1 од Кривичниот законик.

На 20 септември, осомничениот влегол во спортска обложувалница на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје и со нож во раката се заканил на вработениот, барајќи од него да му ги даде парите. Оштетениот, исплашен за својот живот, се упатил кон касата и ја отворил, па на осомничениот му предал парични средства во износ од 15.000 денари. Откако ги одзел парите, осомничениот се дал во бегство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети условите наведени во законот. Имено, осомничениот 27-годишник е повеќекратен повратник на истородно кривично дело, а казната по претходната осуда ја издржал во август. Освен ова, тој непосредно по настанот бил во бегство и по него била распишана централна потерница, што укажува на опасноста тој повторно да се даде во бегство. Јавниот обвинител ценеше дека постојат и особени околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека би можел да го повтори делото.