Соопштенија

Предложена казна заради непочитување на самоизолацијата во Штип

Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 32-годишник не постапил според решението со кое му била определена задолжителна домашна изолација до 26 март, па на 25 март го напуштил својот дом и отишол во берберски салон. Со ова тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Надлежниот јавен обвинител од Судот побара на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност, односно вкупна парична казна од 5.000 евра.