Соопштенија

Скопјанец обвинет заради непочитување на задолжителната самоизолација

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на возраст од 33 години, на 12 март се вратил во земјава по престој во Франција како високоризична земја за ширење на коронавирусот COVID-19 и потишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена. Сепак, тој не постапил според прописите и наредбите на Владата со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест, па на 21 март, при извршена проверка од страна на овластени полициски службеници, не бил затекнат во неговиот дом.

Основното јавно обвинителство Скопје на Судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби со висина на дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.