Соопштенија

Соопштение

По сообраќајната несреќа што се случи на патот Велес – Штип, кај местото Сарамзалино, во која се судрија автобус на Струмица Експрес и патнички воз, Основното јавно обвинителство – Штип во текот на вчерашниот ден изврши увид на лице место и ги презеде потребните истражни дејствија.

Денес, по поднесена кривична пријава од Полициската станица – Свети Николе против возачот на автобусот на Струмица Експрес, Основното јавно обвинителство – Штип донесе Наредба за спроведување на истражна постапка.

Лицето В.Ш е осомничено за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1, а во врска со член 297 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство – Штип по донесувањето на Наредбата за спроведување на истрага до судијата на претходната постапка при Основен суд Штип поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничениот, согласно чл. 165 став1 точка 2 од Законот за кривична постапка, бидејќи постојат особени околности што укажуваат дека осомничениот може да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и вешти лица.

Во настанот за кој се товари осомничениот, случен на ден 13 мај 2014 година, беа повредени многу лица, од кои има и лица со тешки телесни повреди.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА