Соопштенија

Тројца обвинети во Тетово

Обвинителството во Тетово поведе постапка со поднесување на предлози за издавање казнени налози за три лица, кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ја почитувале забраната за движење, односно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на заразната болест предизвикана од вирусот COVID-19.

Надлежен јавен обвинител на Судот му предложи, за секој од обвинетите да изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.