Соопштенија

Угостител и уште три лица се обвинети за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривиното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од нив е обвинет бидејќи не ги почитувал донесените мерки за заштита од ширење и спречување на заразната болест предизвикана од COVID – 19. Тој како сопственик на угостителски објект во с. Врапчиште бил затекнат во чајџилницата како послужува гости.

Тројца од обвинетите се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие во одделни кривично правни настани се движеле низ Гостивар и со тие дејствија го сториле кривичното дело.

За сите обвинети, гостиварското обвинителство од судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.