Соопштенија

Во Гостивар обвинети четири лица за непостапување по здравствени прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување  според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

Двајца од обвинетите во одделни кривично правни настани, на 2 април послужувале гости седнати на маси во внатрешноста на нивните угостителски објекти. Со тоа, обвинетите со умисла не постапиле според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19.

Останатите обвинети, во одвоени кривично-правни настани  не постапиле според прописите и наредбите, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

                ​