Соопштенија

За тројца прекршители на полицискиот час во Куманово побарани казни

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 29 март не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на населението во деновите од викендот, па за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови.

Надлежните јавни обвинители на Основниот суд Куманово му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во вкупен износ од 1.000 евра во денарска противвредност.