Шеесетгодишник обвинет за задоволување полови страсти пред деца

Шеесетгодишник обвинет за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт потив 60-годишно лице за сторено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, жител на село Миладиновци, на 3 февруари, на улицата „Беровска“  во Скопје, вршел полови дејствија пред три деца кои не … Повеќе

Учество на Меѓународна конференција на шефовите на обвинителствата од Европа

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, заедно со јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Елвин Вели и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска  учествуваат на Меѓународна конференција „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот  интерес во светло на препораките … Повеќе

Поднесено обвинение за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, ја загрозил сигурноста на оштетениот вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство … Повеќе

Притвор за дилери од Велес

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Велес, на возраст од 51  и 41 година, поради постоење на основано сомневање дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени на 29.06.2021 година, во викендичка во Велес, по претходен заеднички … Повеќе

Притвор за жената која во Тетово го уби невенчаниот сопруг

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против  жителка на с. Мала Речица, тетовско на возраст од 39 години, за која постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11:00 часот, во подрумските простории … Повеќе

Двајца обвинети за тешки кражби во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат дека сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 35-годишен скопјанец и обвинетата 25-годишна скопјанка, по претходен договор заеднички влегле во куќа на улица „Венијамин Мачуковски“ и додека станарите спиеле, од масата … Повеќе

Обвинение заради фалсификување пари

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 55-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 2 декември 2020 година, околу 20:40 часот во Гостивар на бензиска станица лоцирана на магистралниот пат, пуштил во оптек лажни пари. Имено, тој со лажна банкнота од 100 евра, за која знаел … Повеќе

Притвор заради изнуда во Богданци

Постапувајќи по поднесената кривична пријава јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице од с.Прждево, Демир Капија, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на … Повеќе

Поведена постапка заради давање поткуп и трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен државјанин на Република Албанија, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Давање поткуп од член 358 став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на … Повеќе

Обвинение за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Гостивар  поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Кај обвинетиот 38-годишник додека престојувал во угостителски објект, на 8 февруари 2020 година, при претрес од овластени службени лица пронајден е  пиштол марка … Повеќе

Постапки против деветмина заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 7 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час определен како мерка за заштита и превенција на ширењето на … Повеќе

Изречени мерки на претпазливост за осомничен за сообраќајната незгода со смртни последици

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипа од МВР, изврши увид на самото место каде на 8 јуни 2021 година, во 23:05 часот, во Скопје, на ул. „Борис Трајковски“ се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.  По наредба на обвинителството обезбедени се и подигнати траги од лице  место, … Повеќе

Три лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно oбвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица. Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, … Повеќе

Обвинение за двајца насилници во Гостивар

Основното јавно обвинителство Готивар поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд Гостивар против две лица за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на возраст од 29 и 31 година, на 1 јули 2020 година околу 19:50 часот во Гостивар ја загрозиле сигурноста на … Повеќе

Парична казна за гостиварец кој не го почитувал полицискиот час

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе Предлог за издавање казнен налог против 44-годишен гостиварец кој го сторил кривичното дело –  Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и на Основниот суд Гостивар му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина … Повеќе

Обвинение заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице – државјанин на Република Србија за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 8 јуни 2021 година со автомобил се движел низ Скопје, при што бил сопрен  и легитимиран од полициски службеници. ​

Поднесено обвинение за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 32-годишен скопјанец, за кривичното дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес на  14 мај 2021 година, службените лица во домот на обвинетиот пронашле наркотична дрога – марихуана во … Повеќе

Поднесено обвинение против четири лица за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против четири лица, државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 4 јуни 2021 година, на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при чекирање за лет кон Истанбул, употребиле како вистински лажни лажни сертификати за негативни ПЦР … Повеќе

Поведена постапка заради две тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради основано сомнение дека двајцата како соизвршители сториле две  тешки кражби. По претходен меѓусебен договор, на 1 јуни 2021 година, додека соизвршителот пред влезот на зградата внимавал да не наиде некој, осомничениот влегол во стан на оштетените. Додека во станот спиеле оштетените – мајка и ќерка, … Повеќе

Притвор за дилер од Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против битолчанец за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик и поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Наредбата за спроведување на истражна постапка е донесена заради постоење на … Повеќе