Поведена постапка за злоупотреба на лични податоци

Поведена постапка за злоупотреба на лични податоци

Гостиварското обвинителство поведе постапка против 47-годишна гостиварка за која постои основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати преземала фотографии  од Фејсбук профилот на малолетната ќерка на оштетената и ги … Повеќе

Предложена парична казна за непочитување на здравствените прописи во Гостивар

Гостиварското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот  не го почитувал важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движел  без да поседува соодветна дозвола. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд … Повеќе

Парични казни за седум лица од Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час​

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите … Повеќе

Поведена постапка заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истрага против лице од Битола со моментално престојувалиште во Ресен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ од член 215 став1 од Кривичниот законик, а до надлежниот суд поднесен е предлог за определување мерка ќуќен притвор за осомничената. … Повеќе

Парична казна за тројца велешани поради непостапување според здравствени прописи

Основното јавно обвинителство  Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против 3 лица за кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле полицискиот час, односно се движеле без соодветна дозвола низ градот за време на траењето на забраната за … Повеќе

Парични казни заради непочитување на здравствените прописи

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно ибвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица. Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, … Повеќе

Поведена постапка против двајца индијци и двајца пакистанци

Поради основано сомнение дека четири лица сториле по едно кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1,  а еден од нив и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово за нив донесе … Повеќе

Не е утврдена кривична одговорност во врска со бегството на обвинетиот С.М.

Јавниот обвинител кој постапуваше во предистражната постапка отворена по повод недостапноста на обвинетиот С.М. при обид да му се врачи решение за куќен притвор, утврди дека нема место за јавнообвинителска одлука од причина што не е утврдено постоење на кривично дело што се гони по службена должност. Во рамки на предистражната постапка  беа преземени поголем … Повеќе

Парични казни за непостапување според здравствени прописи во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапки и поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни временски периоди и на различни локации биле затекнати при непочитување на прописите со кои како мерка … Повеќе

Парични казни за девет лица од Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите … Повеќе

Обвинение за дилер од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 38 – годишен скопјанец поради сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес извршен од службени лица на 9 декември 2020 година, во спалната соба од семејната куќа на … Повеќе

Обвинение за агентот за недвижности поради измами во продажба на станови во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против скопјанец на возраст од 41 година, поради сторено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1  во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот во периодот од 6 мај 2020 година до 5 март 2021 година, во Скопје, со умисла … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Битола​

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапки и поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни временски периоди и на различни локации биле затекнати при непочитување на прописите со кои како … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час определен како мерка за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот. … Повеќе

Обвинение за гинекологот од Струга кој даваше здравствени услуги без дозвола за работа

Основното јавно обвинителство Струга денеска до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 54 – годишен жител на Струга, кој го сторил кривичното дело – Давање здравствени услуги без дозвола за работа  од член 304 – а од Законот за здравствена заштита. Како здравствен работник  – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги … Повеќе

Четворица во Гостивар не го почитувале полицискиот час

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Гостивар, денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои не ја почитувале забраната за движење. На лицата им се става на товар дека движејќи се на различни локации во градот сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 … Повеќе

Парични казни заради непостапување според здравствените прописи во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против 7 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите не ги почитувале прописите, односно го нарушиле полицискиот час, движејќи се пеш или со возила низ … Повеќе

Притвор за двајца браќа заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка за двајца браќа, жители на село Боговиње, тетовско, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 , а еден од нив и кривичното … Повеќе

Притвор заради загрозување на сигурноста при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице на возраст од 29 години поради постоење на основано сомневање дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот во два наврати ја загрозил сигурноста на своите мајка и баба. На 16.5.2021 година попладнето дошол дома и држејќи … Повеќе