Соопштенија

Штипското обвинителство поведе постапка за уште три лица кои не ги почитувале здравствените прописи

Обвинетите, членови на едно семејство од с. Лакавица, штипско,  не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие со возило се  движеле низ Штип во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на … Повеќе

Двајца тетовчани обвинети за прекршување на полицискиот час

Обвинетите во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле со возила низ Тетово. Заради стореното кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози и на … Повеќе

Во Берово тројца обвинети

На 19.04.2020 година за време на забраната за движење, обвинетите ги напуштиле своите домови во с.Будинарци и сите пеш се упатиле во дворот од куќата на нивен сожител, каде сите заедно со домаќините седеле и се дружеле по повод верскиот празник Велигден. Околу 19:00 часот меѓу нив настанало нарушување на јавниот ред и мир со … Повеќе

Тројца обвинети во Велес

Основното јавно обвинителство Велес денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против 3 лица  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 14.04.2020 година го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката на Владата … Повеќе

Во Куманово обвинети се тројца за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1000 евра во денарска потиввредност,  за три лица, жители на Куманово, кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и … Повеќе

Обвинителството во Кавадарци предложи парични казни за 28 лица

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 обвинети во Основниот суд Кавадарци и за 11 обвинети во Основниот суд Неготино, за лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите … Повеќе

Побарана парична казна за непочитување на полицискиот час во Ресен

Основното јавно обвинителство Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата не ја почитувала Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република … Повеќе

Штипското обвинителство поведе постапка за 16 лица кои не ги почитувале здравствените прописи

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата. Со овие дејствија сите обвинети … Повеќе

Побарани парични казни заради прекршувања на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за определување казнени налози против осум лица, кои ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, биле затекнати надвор од своите домови за време на полицискиот час. На тој начин тие го сториле кривичното дело … Повеќе

Битолското обвинителство предложи парични казни за две лица

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на … Повеќе

Во Штип предложени парични казни за шест лица

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на шест лица да им изрече парични казни во износ од по 50 … Повеќе

Гостиварското обвинителство поведе постапка за четири лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за 4 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело  – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на … Повеќе

Три лица обвинети во Ресен

Обвинителството во  Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица од Ресен за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 17.04.2020 година, вo 18:10 часот, во Ресен, за време на пандемија прогласена од страна на Светската здравствена организација поради … Повеќе

Основното јавно обвинителство во Кочани поведе постапка против 25 лица заради непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за казнени налози против 23 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на опасната … Повеќе

Парична казна за тројца кумановци и четири лица жители на Кратово

​Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тројца од нив се движеле пеш или со возило во Куманово, за време додека во сила бил полицискиот час односно на … Повеќе

Еден обвинет за непочитување на полицискиот час во Струга

Против едно лице обвинето за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог. Обвинетиот на 20 април постапил спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за … Повеќе

Поведени постапки за непочитувања на полициски час и на самоизолација во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Седуммина обвинети го сториле делото со непочитување на забраната за движење во полициски час, па надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Битола му … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово побара парични казни за пет лица

Обвинетите во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле пеш или со возила низ Тетово и околината. Заради стореното кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени … Повеќе

Уште 13 лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Обвинетите биле затекнати на различни локации во градот за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола за движење и со тоа сториле кривично … Повеќе

Идентификувани 23 прекршители на полицискиот час во Сингелиќ, побарани парични казни

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите се идентификувани како лица кои на 13 април околу … Повеќе