Судење „Рекет“ – 10:00 часот

Судење „РЕКЕТ“

10.00 часот – Во Основниот кривичен суд Скопје започнува судскиот процес по поднесено обвинение за предметот „РЕКЕТ“  

Обвинителен акт за три лица во предметот „Рекет“

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  денеска до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. Две од обвинетите лица се теретат дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ предвидено и казниво по член 359 став 7 во … Повеќе

Завршена истражна постапка за осомничените во „Рекет“

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица. Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на … Повеќе

Јовески за Фокус: Незаконско постапување нема да толерирам!

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за неделникот „Фокус“ ги открива деталите за „обвинителската кавга“ околу претресот во Управата за финансиска полиција. Тој е дециден дека не ѝ се меша на обвинителката Русковска во предметите, туку дека се грижи за законското почитување на постапките, што е и негова законска надлежност. Останува на ставот дека … Повеќе

Јовески за МИА: Обвинителството е подготвено за примена на одредбите од новиот Закон, предметите на СЈО ќе добијат завршница

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА уверува дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила. Законските решенија, како што посочува, содржат добра основа за современо јавно обвинителство, како надлежен орган за гонење … Повеќе

Јовески за МИА: Со Законот за ЈО се елиминираат политичките влијанија

Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност … Повеќе

Се прибираат потребни известувања за објавените аудио записи на „Јутуб“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по првичното објавување на аудио снимки на „Јутуб“ објавени на каналот „U6e Big“, отвори предмет по допрен глас. Предметот е земен во работа и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена е наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги следи реакциите по донесената одлука на Апелациониот суд Скопје за замена на мерката притвор со куќен притвор за обвинето лице во случајот „Рекет“. Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел. Од започнување на истражната постапка, водејќи се од големиот интерес на јавноста, обвинителството секојдневно настојува во … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“. Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека снимките објавени во еден италијански медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството. Станува збор за аудио и видео материјали кои се дел од доказната постапка во предметот и кои до јавното обвинителство беа доставени од сведок во предметот. Јавното обвинителство во предметот постапува професионално и неселективно. … Повеќе

Побаран притвор за осомничен за продолжено кривично дело тешка кражба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје почна постапка против едно лице кое се гони за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, искористувајќи притоа слични околности. На 24.11 2018 … Повеќе