Судење „Спец каса во УБК“ – 10:00

Во август минатата година беше поднесен Обвинителен акт против четири лицаод кои тројца се обвинети дека сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето за помагање во извршувањето на истото кривично дело.

Обвинетите, како службени лица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, во временскиот период од 25.01.2007 година до 30.05.2017 година, постапиле спротивно на чл.7 ст.1 и чл.12 од „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК“.

Датум

Мар 17 2020
Expired!

Време

All Day