Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против лицата кои со моторна пила се обидоа да убијат едно лице

Скопје, 14 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство Велес по спроведена истрага поднесе до Основниот суд Велес Обвинителен акт против две лица од Кавадарци, за кривично дело Убиство (во обид).

Делото го извршиле во домот на еден од обвинетите на ден 14.07.2014 година околу 19.30 часот, кога се обиделе  да го лишат од живот оштетениот поради нерасчистени должничко доверителски односи.

Обвинетите го повикале оштетениот  да дојде во домот на еден од обвинетите, по што со моторна пила која била ставена во погон се упатиле кон оштетениот велејќи му дека ќе го убијат,  при што му нанеле телесни повреди во пределот на десната рака. Оштетениот успеал да ја фати моторната пила, да ги оттурне обвинетите за да избега упатувајќи се кон вратата. Спречувајќи го во намерата да побегне, обвинетите го нападнале и со вилушка, па при тоа му нанеле убодна рана во левото рамо.  За среќа оштетениот успеал да избега, па обвинетите не ја довршиле намерата.

Надлежниот обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката Притвор спрема еден од обвинетите поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство на истиот доколку се брани од слобода.

344 total views, 2 views today