СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Скопје, 17 Декември 2013

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека по спроведената истрага, за предметот познат во јавноста под името “Шпион”, на 17.12.2013 година поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и куќен притвор против 19 лица обвинети за кривични дела Злосторничко здружување од чл. 394 ст.1 од КЗ; Шпионажа од чл. 316 ст.3 од КЗ; Прикривање од чл. 261 ст.3 од КЗ; Измама од чл. 247 ст.3; Послужување  во службата од чл. 356 од КЗ;  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст.2 од КЗ; Злоупотреба на државна службена или воена тајна 360-а ст.2 од КЗ; Оддавање државна тајна од чл. 317 ст.2 од КЗ; Уцена од чл. 259 ст.2 од КЗ; Изнуда од чл. 258 ст.2 од КЗ. Обвинетите наведените кривични дела ги вршеле во подолг временски период почнувајќи од 2009 година па се до 2012 година.

 

Во текот на истрагата, како резултат на собраните докази кои укажуваа на вмешаност и на други лица, истрагата беше проширена и беа испитани две нови лица, за кои исто така е поднесено обвинение за извршени кривични дела  Послужување во службата чл. 356 од КЗ и Шпионажа од чл. 316 ст.3 од КЗ.

 

За три лица постапката е прекината, бидејќи се недостапни на органите на прогонот и за нив постапката ќе продолжи кога  истите ќе станат достапни. За две од тие лица, во тек е постапка за екстрадиција.

328 total views, 1 views today