Основното јавно обвинителство – Прилеп спроведува истражна постапка за полов напад на дете

Скопје, 07 Август 2015

Во текот на вчерашниот ден, Основното јавно обвинителство – Прилеп по поднесената кривична пријава од страна на Полициската станица – Прилеп, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26 годишен прилепчанец за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на надлежниот обвинител и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.

 

169 total views, 2 views today