Предложен притвор за четири лица – поранешни припадници на ИСИС

Скопје, 09 Јули 2016

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС. На осомничените им се става на товар кривичното дело – Терористичка организација по чл.394-а ст.2 од Кривичниот законик.

Во денешната акција, спроведена во раните утрински часови, уапсени се три лица од Скопје и едно лице од Тетово – поранешни припадници на ИСИС, додека останатите три лица се недостапни на органите на прогонот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судијата на предходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје предложи на осомничените да им се определи мерка – Притвор.

314 total views, 1 views today