Се преземаат дејствија за расветлување на авионската несреќа

Скопје, 06 Септември 2016

Јавното обвинителство  презема дејствија за расветлување на авионската несреќа која попладнево се случи во близина на Скопје. По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции  презема мерки за  утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и натамошно постапување. Истовремено се прибираат  податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата.

Со подетални информации јавноста ќе биде дополнително запознаена.

389 total views, 1 views today