Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид на лице место за лицето најдено со прострелна рана во Куманово

Скопје, 26 Септември 2016

Утринава на булевар „Октомвриска Револуција“ во Куманово, во една од станбените згради пронајдено е тело на маж со прострелна рана во главата.

Веднаш на лице место е излезен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово кој раководи со увидот вршен од страна на екипи на СВР и обдуценти. Дадени се потребни наредби со цел утврдување на фактите и расветлување на настанот.

433 total views, 1 views today