Се расветлува сообраќајната несреќа кај с. Колари

Скопје, 22 Ноември 2016

На 21 ноември во вечерните часови , на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с. Колари се случи сообраќајна несреќа во која на лице место животот го загуби лицето С.А од Скопје, роден 1976 година. Во него удрило моторно возило – комбе со скопски регистарски таблички управувано од педесет и две годишен скопјанец.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло од автобус со кој патувал од Скопје за Охрид и ја преминал коловозната лента на необележано место при што бил удрен од комбето.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кичево изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од МВР. Дадени се Наредби за вршење на обдукција на починатиот и за сообраќајно техничко вештачење на возилото. Од првичните проверки  утврдено е дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол.

Истрагата продолжува со преземање на потребните дејствија во насока на расветлување на настанот.

418 total views, 1 views today